ЈП „Охридски Комуналец“ ја поддржува акцијата на Елколект

Елколект ДОО во периодот од 4ти Септември 2017 до 31ви Октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Охрид да учествуваат во акција за ослободување на своите електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер). Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Охрид станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се…

повеќе...

Се чистеше во с. Завој и патот кој води до него

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување во с. Завој, како и патот кој води до него. Се косеше тревата по страните и се кастреа трњето покрај патот и неуредната вегетација, со цел да се зголеми прегледноста и безбедноста за возилата.

повеќе...

Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...

Во среда ќе се подигнува кабаст отпад во Косел, Вапила и Ливоишта

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Косел, с. Вапилаи с. Ливоишта. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

НВО Коалицијата на Египќаните и Тамаро маркетите со хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани

На денот на прославата на Св.Кирил и Методиј – 24ти мај, НВО Коалицијата на Египќаните спроведе хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани, кои се фактор на социјален ризик и истите се на маргините на општеството. Оваа хуманитарна акција е реализирана благодарение на донацијата на Тамаро – маркетите, за што се истакнува и голема благодарност. Целта на ова хуманитарна акција, беше да се ублажат проблемите со кои се соочуваат овие грагани, да се слушне нивниот глас како и тоа дека трајното решение се гледа во надлежните институции. „Ние и понатаму…

повеќе...

Се уредува централното градско подрачје

Во текот на денешниот ден, покрај тековните активности на ЈП „Охридски Комуналец”, се изврши уредување на централното градско подрачје кај градскиот плоштад. „Се отстрануваа старите садници кои беа од сортата „виола” (народски очиња) и се заменаа со нови сезонски садници од сортата „џунџуле”. На постоечките држачи за саксии се поставија саксии со „петунија”и се уредија зелениките, а поради поголемиот број на туристи кои го посетуваат градот, и малиот капацитет на клупи, се поставија 5 нови клупи на градскиот плоштад.“ – велат од претпријатието. Друг дел од екипите на претпријатието беа…

повеќе...

Украдени садници од пешачката патека кај Студенчишта

Денес повторно е забележана кражба на садници кај пешачката патека која се гради од мостот кај езерската полиција до Горица. Покрај скоро секојдневното крадење на украсни зимзелени грмушки, и садници од видот „Виола”, денес беше забележано дека несовесните граѓани украле 2 листопадни дрвја од видот „Каталпа”, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Во сабота ќе се одржи Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија во сабота (13.05.2017) во 12 часот, во Големата сала на општина Охрид ќе го одржи првото Годишно собрание, на кое ќе се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“. Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и им помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканот и своите млади членови, повторно заедно по состанокот ќе изведат акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел…

повеќе...

Студентска крводарителска акција во ФТУ

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и секој кој сака да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција. „Особено ги охрабруваме и апелираме до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.“ –…

повеќе...

Хуманитарна собирна акција во Охрид по повод Неделата на солидарност

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 17 – 23 април, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца. Од Црвениот крст Охрид апелираатт и…

повеќе...