Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.

повеќе...

На 21ви септември стартува нов циклус „Час за детски приказни на англиски јазик“

Црвен крст Охрид го најавува почетокот на новиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 21.09.2017 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…

повеќе...

Започнува новиот циклус на кандидати за полагање на TOEFL

Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид започнува нов циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 г, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик.…

повеќе...

Ученичка од „Јахја Кемал“ освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM

Учениците од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Овој пат, ученичката Софија Ставреска-III година, освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM (English Language Teaching Association Macedonia). Натпреварот се одржа во саботата ( 7ми мај) во Скопје. WebOhrid

повеќе...

Голем успех на охридски основци на Државниот натпревар по англиски јазик

Ученикот Борче Исакоски V одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Јулија Ристевска и ученичката Емилија Николовска V одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по англиски јазик Марина Колеска Наумова на Државниот натпревар по англиски јазик го освои првото место со максимални 100 поени и се здоби со можност да конкурира за парична награда од МОН. „Ова е голем успех за нашите училишта, но и за Општина Охрид“- изјавија од училиштата. Инаку натпреварот се одржа на 7ми мај во ОУ „Лазо Ангелоски“ -Скопје.

повеќе...

Ученичка од ОУ „Григор Прличев“ освои прво место на Државниот напревар по англиски јазик

Ученичката Емилија Николовска V 1 одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по англиски јазик Марина Колеска Наумова, го освои I место на Државниот напревар по англиски јазик. Натпреварот се одржа на 7ми мај во ОУ „Лазо Ангелоски“ -Скопје.

повеќе...

Успех на охридските гимназијалци на Општинскиот и Регионалниот натпревар по англиски јазик

На 16ти април на одржаниот општински и регионален натпревар по англиски јазик учениците од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ги освоија првите три места и тоа: Христијан Петровски – второ место на општински и прво на регионален, Владо Војдановски – прво место на општински и второ место на регионален, под менторство на Ленче Ристевска, и Анастасија Андрееска – трето место под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа. Со ова тројцата уценици се пласираа на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 7ми мај годинава.

повеќе...

Утре ќе биде потпишан Меморандум за соработка за бесплатни часови по англиски јазик

Од детската градинка „Јасна Ристеска“ информираат дека утре (среда),  во објектот „Билјана“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и ПИ – СИ ќе потпишат Меморандум за соработка за бесплатни часови по англиски јазик за деца на возраст од 5 до 6 години. Наставата ќе се одвива во објектите „Централна“, „Билјана“ и „Росица“, а истата е веќе започната. Вредноста на донацијата изнесува 120.000 денари – донација од ПИ -СИ.

повеќе...