Отворено писмо до ЈУНП Галичица

Ние, активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, ви се обраќаме откако повеќе граѓани до нас доставија поплаки за нефункционирањето на делот Документи, т.е. Documents (EN верзија на страницата) на официјалната страница на Националниот парк. Охрид ЅОЅ упорно и континуирано ги повикува граѓаните да ги користат механизмите за вклучување во процесот на донесување одлуки што е императив во едно нормално демократско општество. На наше огромно задоволство таквите примери се сѐ почести. Токму затоа и граѓаните ја забележаа оваа неправилност на страницата, која, мора да признаеме, изгледа многу симптоматично ако се земе…

повеќе...

Општина Охрид примена во меѓународна асоцијација

Општина Охрид стана редовна членка на Меѓународната Асоцијација поврзана со европските вредности на делото на Св. Кирил и Методиј. После претходно воспоставената меѓународна соработка со Регионот Злин од Моравија, од 1 Октомври 2014 год. Oпштина Охрид е примена како редовна членка на Меѓународната Асоцијација “European Cultural Route of St.Cyril and Methodius” со седиште во Чешка. Пред тоа претходеше процес на аплицирање и процедура за прием во меѓународниот конзорциум. Целта на оваа Асоцијација е развој на туризмот, културата, соработката, истражувањето и образованието, подготовка на заеднички европски партнерски проекти, како и развој…

повеќе...