Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 170/16). Кованата пара „Свети Никола Чудотворец“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската…

повеќе...

Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути

По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…

повеќе...

„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016. Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши: – Пратење на современите трендови за електронско плаќање, – заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид, – избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри, – придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само…

повеќе...

Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/16). Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани…

повеќе...

Пуштена во промет фалсификувана банкнота од 500 денари

Во февруари годинава, во „Еуро Стандард Банка“ во Охрид, непознат сторител пуштил во промет фалсификувана банкнота од 500 денари, информираат од МВР. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

повеќе...

Охрид домаќин на конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност

Народната банка на Република Македонија, во периодот од 5ти до 8ми јуни, во Охрид, ќе биде домаќин на Деветтата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност, којашто традиционално се одржува во соработка со централните банки на Холандија и Португалија. Воведно обраќање на Конференцијата ќе има вицегувернерката на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ, задолжена за Секторот за операции на финансиските пазари и платните системи. Конференцијата има меѓународен карактер и во неа ќе земат учество претставници од Европската централна банка, централните банки на Албанија, Белорусија, Бугарија, Грузија, Ерменија, Косово,…

повеќе...

СБ: Ги продолжуваме активностите во Македонија

Светска банка (СБ) денеска во соопштение наведува дека ги продолжува своите активности во Македонија и дека заедно со земјата работи на креирање подобар животен стандард на сите граѓани. „Од 1994 година Светска банка е силен партнер на Македонија, кој заедно со земјата работи кон креирање на подобри животни стандарди за сите македонски граѓани и ги поддржува аспирациите на земјата за пристап кон Европската унија. Во текот на овој период, Светската банка обезбеди техничка помош и финансираше 63 проекти во Македонија во вредост од над 2 милијарди долари. Светска банка ги…

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ се запознаа со работата на Народната банка на РМ

Учениците од од ОУ Св. „Климент Охридски”- Охрид, заедно со своите одделенески раководители ја посетија Народната Банка на РМ во Скопје. „Во еден навистина гостопримлив и пријатен амбиент, учениците имаа можност да посетат дел од позначајните простории во банката и преку многу сликовита презентација да се запознаат со работата и начинот на функционирање на Народната Банка на РМ.“–  информираат од училиштето. Притоа беше посетена ковачницата, каде учениците непосредно се запознаа со целокупниот циклус на производство и ковање на Македонските монети, како и Музејот на Народна Банка на РМ каде имаа…

повеќе...

Партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“

Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи. По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

повеќе...

70 години централнобанкарско работење на НБРМ

Оваа јубилејна 2016 година, Народната банка на Република Македонија е во центарот на прославувањето на 70-годишното институционализирано централнобанкарско работење на територијата на македонската држава. Во изминатите седум децении, оваа институција, во различни правно-формални рамки и низ низа процеси на еволутивен институционален развој, претставуваше и претставува суштински значаен столб за функционирањето на македонското општество и сидро на макроекономската стабилност на државата. Како основен носител и спроведувач на централнобанкарското работење во Република Македонија, почнувајќи од донесувањето на Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор, донесена на 25 септември 1946 година, со…

повеќе...