Одржан завршниот митинг на СДСМ и коалицијата во Белчишта

Денес во Домот на Културата во Белчишта се одржа завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. „На 15ти октомври ќе си ја вратиме нашата Дебрца, слободарска Дебрца. Дебрца е наш заеднички дом. Во Дебрца сите треба да си ја гледаме својата шанса и својата иднина. Затоа со мојот тим, со кандидатите за советници имаме визија, имаме план да ја развиваме Дебрца, да ги искористиме нејзините силни…

повеќе...

Утре во Белчишта ќе се одржи завршен митинг на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија”

Утре ќе се одржи завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Митингот е закажан во Домот на Културата во Белчишта, со почеток во 16:30 часот. Свое обраќање на завршниот митинг ќе имаат, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

повеќе...

СДСМ Дебрца: Еколошка бомба во Белчишта – фекалните води се испуштаат во Матицата Сини Вирој

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за време на неговиот мандат на повеќе пати знаеше да се испофали дека во општината се градат канализациони системи и дека благодарение на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и неговиот труд општина Дебрца добила нов лик. Многу е лесно во функција на популистичка кампања сам да се фалиш, но сосема друго е каква е реалноста. За четирите години општината предводена од Трајкоски не само што не успеа да ги пушти во употреба…

повеќе...

Фудбалското игралиште за голем фудбал во Белчишта добива нов изглед

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Белчишта, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу Реконструкција и санација на фудбалското игралиште за голем фудбал. „До овој момент изведена е дренажата по должината на фудбалското игралиште за одводнување, изградени се кабини за резервните играчи, а во моментов се работи на дооградувавање на игралиштето со заштитна жичана мрежа, со што градежните активности се одвиваат според предвидената динамика. Во наредниот период ќе се отпочне со санација и реконструкција на објектот за соблекувални и простории за судии и делагати.“–…

повеќе...

Средба помеѓу наставници и ученици од ОУ „Дебрца“ и „Нури Мазари“

Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието на Р. Македонија денес во просториите на училиштето ОУ„Дебрца“ с. Белчишта се реализира третата работна средба со наставниците-имплементатори и учениците од партнер училиштето „Нури Мазари“ од с. Корошишта, струшко. „И нашите ученици се вклучени во реализацијата на заедничките активности за кои нашето училиште имаше поднесено апликација на повикот од УСАИД за мали грантови за реализација на заеднички меѓуетнички активности. Целта на овие средби е учениците да комуницираат, соработуваат и другаруваат меѓу себе. За време на ваквите средби наставниците-имплементатори се трудат да воспостават опуштена атмосфера…

повеќе...

Поставен камен темелник за реконструкција на фудбалското игралиште во Белчишта

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски заедно со претставници од фудбалскиот клуб од с. Белчишта, денеска го означија почетокот на градежните активности околу Реконструкција и санација на фудбалското игралиште за голем фудбал во с.Белчишта. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши оградување со жичана ограда на фудбалското игралиште, изведба на дренажа по должината на игралиштето за негово одводнување, изградба на кабини за резервни играчи и реконструкција и санација на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати. Фудбалското игралиште во Белчишта ќе биде на располагање…

повеќе...

Потпретседателот на СДСМ помеѓу жителите на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен министер за имформатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше помеѓу жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебарца. На средбите се разговараше за секојдневните проблеми на граѓаните и решенијата што ги нуди Програмата на СДСМ. „Оваа власт не заборави нас. Одвај преживуваме, а нашите млади, синови, ќерки, внуци, ги пакуваат куферите и си одат“, се пожалија жителите. „Имаме тим, имаме решенија за младите да ги задржиме дома во своите огништа, да им обезбедиме достоинствени работни места. СДСМ ќе субвенционира млади претприемачи преку проектот…

повеќе...

Денот на шегата го одбележаа и основците од Дебрца

Во рамките на проектот за Мултиетничка интеграција во образованието и склучениот партнерски договор помеѓу училиштата ЦОУ„Дебрца“ с. Белчишта и ОУ „Нури Мазари„ с. Корошишта, околу 200 ученици од одделенска настава заедно со нивните наставници заеднички го одбележаја денот на шегата 1 Април во с. Корошишта. „Со најразлични маски и шаренило од бои покажаа дека за децата не постојат никакви бариери, бидејќи секогаш зборуваат со јазикот на љубовта и со отворените детски души и насмевки. Домаќините на сите присутни им приредија срдечен пречек и со дефиле на маскираните дечиња по улиците на…

повеќе...

Во ЦОУ „Дебрца“ успешно спроведена акцијата Ден на дрвото

Општина Дебрца се приклучи кон акцијата Ден на дрвото -Засади ја својата иднина која денес се спроведе во училишниот двор во с.Белчишта. Градоначалникот Игор Трајкоски заедно со општинската администрација, директорот на училиштето, Иван Димоски, наставниците и учениците засадија дрвца, со што го разубавија училишиот двор. Акцијата ден на дрвото -Засади ја својата иднина, е поддржана од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС), општините и ЈП „Македонски Шуми“.  

повеќе...

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Ботун-Белчишта

Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Ботун до Белчишта. Се реконструира регионалниот пат од Ботун до Белчишта во должина од 1600 метри. Работите ги изведува Македонијапат, по налог на Јавното Претпријатие Македонијапат.

повеќе...