Утре ќе биде промовирана книгата „Коста С. Шахов Публицистика“ од Томе Груевски

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Здружението „Базилика“ – Мешеишта организираат промоција на книгата „КОСТА С. ШАХОВ ПУБЛИЦИСТИКА“ од авторот Томе Груевски. Промотори на настанот се проф. д-р. Зоран Костов и проф. д-р. Марко Китески. Промоцијата ќе се одржи утре – 15.08.2017 (вторник) во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Утре ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре организира П Р О М О Ц И Ј А на романот „ДОИЛКАТА“ од Лилјана Пандева добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување во 2016 година. Воведна реч ќе има Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на настанот е  Проф. д-р Кристина Николовска. Промоцијата која ќе се одржи во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид е со почеток во 20 часот.

повеќе...

Претставување на сатиричарот Александар Чотриќ во охридската библиотека

Културниот центар „Бран“, Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ организираат претставување на Александар Чотриќ – сатиричар од Белград, Србија. Претставувањето ќе се одржи утре во 19:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. WebOhrid

повеќе...

Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија) во охридската библиотека

Културниот центар „Бран” и Ревијата за книжевност „Бранувања” од Струга и НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби” организираат Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија). Промотори се Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. Настанот ќе се одржи на 06.07.2017 година (четврток) во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 19:00 часот.

повеќе...

Во охридската библиотека ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Во Прличевата одаја при НУ библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, утре ќе бидат промовирани изданијата од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Промотор на настанот е Тоде Илиевски, а истиот ќе започне во 11:00 часот. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Предавање во градската библиотека во чест на празникот на Сесловенските просветители

НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид, во чест на празникот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, организираат предавање на тема „Староруска азбука како молитва“. Настанот ќе се одржи на 23 мај (вторник) во просториите на Библиотеката а истиот ќе започне во 12 часот.

повеќе...

Нови наслови на книги во охридската библиотека „Григор Прличев“

Од охридската библиотека „Григор Прличев“ информираат дека нивниот книжевен фонд е збогатен со нови наслови. Читателите ќе можат да одберат од следните наслови на книги:  „Лавиринт на духовите” – Карлос Руиз Зафон „Шпионка” – Пауло Коелјо „Врзани” – Ема Чејс „Чиракот на архитектот” – Елиф Шафак „Враќањето” – Викторија Хислоп „Совршени заедно” – Карли Филипс „Прељуба” – Пауло Коелјо „Ловци на светулки” – Вера Калин „Валкано црвено” – Тарин Фишер „Скриени богатства” – Нора Робертс „Ништо не трае вечно” – Морин Ли „Неопходни лаги” – Дијана Чејмберлен „Само едно е важно”…

повеќе...

Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата Фаберже

НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Охрид, организираат настан под наслов „Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата Фаберже“. Настанот ќе се одржи утре петок на 7-ми април во просториите на Библиотеката со почеток во 12 часот, а на истиот ќе присуствува почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф.др. Велимир Стојковски. Во рамки на оваа активност посветена на празникот Велигден, посетителите ќе имаат можност да слушнат предавање за историјата и современите тенденци на уметноста…

повеќе...

Книжевно пладне посветено на Ахматова и Цветаева

По повод 21 март – Светскиот ден на поезијата, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот конзулат на Руската федерација – Охрид, организираат книжевно пладне на кое ќе биде претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941). За нивниот живот и поезијата ќе зборува Елена Обухова, а стиховите ќе ги интерпретираат Маја Мојсова и Тоде Илиевски.

повеќе...

Промоција на книгата „Македонски раритети, раритетни Македонци“ од Ангелина Маркус

Во градската библиотека „Григор Прличев“ утре ќе биде промовирана книгата „Македонски раритети, раритетни Македонци“ од Ангелина Маркус. Промотор на книгата ќе биде Тоде Илиевски. Промоцијата ќе се одржи утре (четврток), во 12 часот, во Прличевата одаја при НУ Бибилиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...