Концерт на Дино Мерлин на 23 јули во Охрид

Балканскиот пејач Дино Мерлин на 23ти јули ќе одржи голем концерт на градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид. На концертот, тој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како и песните од својот последен албум „Хотел Национал”, кој лани го промовираше и во Скопје. Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели 7 години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика.  

повеќе...

Пливачкиот базен, тениските и повеќенаменското игралиште се во поодмината фаза на изградба

На СРЦ „Билјанини извори“, градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на активностите каде во тек е градба на едно повеќенаменско игралиште за мал фудбал, кошарка и одбојка и уште три терени за тенис од кои еден двоен и еден единечен. „Досега се изработени основите на подлогата, дренажните системи и поставен е асфалт. Изведувачите не уверија дека следната недела ќе биде поставена полиакрилната подлога, со што Охрид ќе добие три најсовремени игралишта за тенис и едно повеќенаменско игралиште“. – изјави градоначалникот Бакрачески кој изрази задоволство од темпото со кое се изведуваат градежните…

повеќе...

Да го почувствуваме Охрид од планинска перспектива

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ на 12ти јуни (недела) организира планинарска тура. Почетна точка с.Велестово 1100 мнв, крајна точка Врв Три Мажи 1630 мнв. Се искачува околу 550 до 600 метри денивелација и се изминува околу 4 км. во еден правец. Просечно време на минување на турата во двата правци е околу 4 до 5 часа. Тргнување во 7:30 од паркингот пред ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) со организиран превоз до с.Велестово, а враќање во 15:00 часот повторно со организиран превоз од с.Велестово.…

повеќе...

Демолирани кошаркарските терени на СРЦ „Билјанини извори“ – Охрид

ЈП „Билјанини извори“ информира дека изутринава вработените пред да ги заземат своите работни места биле сведоци на демолирани кошаркарски терени на спортско-рекреативниот центар, истурена била поголема количина на боја, превртени биле кошови и корпи за отпадоци, а испишани биле и пароли. „Утрово од страна на одговорните во ЈП „Билјанини Извори“ бев известен дека дел од спортските терени во Спортско-рекреативниот центар се оштетени, а дел нагрдени со недолични графити. Веднаш беше известена Полицијата која презеде мерки и изврши увид на лице место. Морам тука да напоменам дека ова не е прв пат да…

повеќе...

Викендов во Охрид – Куп на Македонија во атлетика и ревијален фудбалски натпревар

Викендов во Охрид ќе се одржи Купот на Македонија во атлетика во повеќе дисциплини и тоа во фрлање на ѓуле, диск и копје, скок во далечина и висина, трчање на 100, 200, 400 метри и штафетно трчање 4х100. Натпреварите ќе се одржат во сабота од 14 до 17 часот и недела од 10 до 14 часот. Исто така во сабота во 18 часот на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Охрид – ветерани и ФК Краков од Полска.

повеќе...

Викендов во Охрид ќе се одигра завршниот турнир од Детската фудбалска лига – Југозападен регион

Регионалниот завршен турнир од ФФМ Детската фудбалска лига Југозападен регион ќе се одржи викендов (14-15 мај) на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“. Детската фудбалска лига е проект поддржан од Фудбалската федерација на Македонија, а реализиран од фудбалските школи од Охрид, Струга и Дебар во која учествуваат над 500 дечиња. Завршниот турнир од Детската фудбалска лига ќе започне в сабота во 9:00 до 12:00 часот и 15:00 до 19:30 часот со полуфиналните мечеви, додека пак финалните натпревари се закажани за во недела од 10:00 до 14:00 часот. Доделувањето…

повеќе...

Викендов повторно голем спортски настан во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, посетители, гости, сите љубители на ракометот и спортот дека на 13.05. (петок) и 14.05. (сабота) започнува долго очекуваниот Куп на Македонија во ракомет, Охрид 2016. Натпреварите од Купот ќе се одиграат во вечерните часови со почеток од 17:30 и тоа петок (13.05.) Металург – Вардар Јуниор и 20:00 Охрид 2013 – Вардар и сабота (14.05.) во 17:30 големото финале, кој ќе го одлучи шампионот на купот на Македонија во ракомет, за 2016 година. Натпреварите ќе се одржат во Спортската Арена Билјанини…

повеќе...

Охрид ќе биде домаќин на машкиот ракометен Куп на Македонија 2016

Откако неделава беа извлечени полуфиналните двојки од Завршните турнири во Купот на Македонија 2016 во машка и женска конкуренција, денеска Ракометната Федерација на Македонија ги одреди локациите каде ќе се одиграат натпреварите. Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека пак домаќин на Завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“. Фајнл Фор – Куп на Македонија, мажи Распоред на натпревари, сала „Билјанини Извори“ – Охрид: Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор Полуфинале (13 мај, петок, 20:00)…

повеќе...

Започнаа градежните активности за изградба на тениски игралишта на СРЦ „Билјанини извори“

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува охридската јавност дека започнаа градежните активности околу реализацијата на проектот, изградба на тениски игралишта во состав на СРЦ „Билјанини Извори“. Проектот е во реализација на Агенцијата за млади и спорт и тој предвидува изградба на 100 тениски терени ( 20 единечни и 40 двојни ) низ територијата на Република Македонија. Охрид и Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се дел од плановите на Агенцијата за млади и спорт така што за неколку месеци Охрид и Спортскиот центар ќе добијат најсовремени тениски терени ( еден единечен и…

повеќе...

Се реконструираат кошаркарските терени во СРЦ „Билјанини извори“

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ согласно пролетната програма за обнова и реконструкција, започна со активности на отворените кошаркарски спортски терени во СРЦ „Билјанини Извори“. „Овие активности веруваме дека ќе овозможат подобри услови за рекреирање на сите наши кошаркарски корисници. Активностите кои се извршуваат деновиве се во насока на замена на старите кошаркарски табли, замена на кош обрачите, комплетно бележење на кошаркарските отворени терени како и оспособување на системот за осветлување кое е поставено се со цел рекреативците да можат да ги користат нашите услуги и во доцните вечерни часови. “ – велат од претпријатието.…

повеќе...