Објавен тендерот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестицијата само за изградба чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вредност од 128 милиони евра, рече денеска на прес- конференција во Порта „Македонија“, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Посочи дека по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе стартуваат на почетокот на 2017 година, кои е предвидено да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на срцето

Заводот за кардиоваскуларни заболувања, со поддршка на општина Охрид, вчера со пригодна акција го одбележа 29. Септември- Светскиот ден на срцето. Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска истакна дека превенцијата на кардиоваскуларните заболувања е посебно важна во намалување на ризик факторите. Таа нагласи дека на тоа посебно треба да обрне внимание , бидејќи оние кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми треба редовно да се во директен контакт со здравствените работници. „Оние кои што се условно здрави се тие кои остануваат недоволно информирани за можноста да откријат одредени ризик фактори…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓани поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д. (47) и М.Н. (45), двајцата од Охрид. Во пријавата, опфатен е и Л.Р. (60) од Охрид за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“. Во текот на 2013 и 2014 година, М.Д. во својство на службено лице-директор на јавната установа ЈЗУ„Здравствен дом“-Охрид заедно со второпријавената М.Н., која во тој период била раководител за економски работи, од повеќе фирми во Охрид и од други градови, набавиле техничка роба (лап-топ…

повеќе...

Интензивно се работи на реконструкција на болничкиот комплекс „Св.Еразмо“

Неколкучасовната обиколка на градоначалникот Бакрачески на неколкуте локации каде интензивно се работи заврши со посета на специјалната болница за ортопедија и трауматологија„ Св Еразмо“ каде во поодмината фаза е реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс . Во него ќе бидат сместени Одделите за ортопедија, трауматологија и комплексот за кардиоваскуларни заболувања. Реконстукцијата се одвива според предвидениот план и динамика. За седум месечниот период откако се започна со работа е направено многу.Се уредуваат болничките соби, операционите сали, амбулантите и лабараторијата, а набавена е и нова опрема. Истовремено се изведуваат градежните работи во…

повеќе...

При чистење на машина за подлоги повреден жител Дрслајца

Вчера во 18.00 часот во СВР-Охрид, доктор од МЦ Охрид пријавил дека кај нив бил донесен Ц.С. (31) од с.Дрслајца,струшко, кој бил повреден во пределот на прстите на десната рака. По овластување на Јавен обвинител полициски службеници извршиле разговор со Т.С. од с.Драслајца, сопственик на фирмата каде што работел повредениот. Истиот изјавил дека настанот се случил околу 17.00 часот во објект на ул.„Димитар Влахов“. Увидна екипа од СВР Охрид и Државен инспектор за заштита од работа излегле на лице место при што е утврдено дека Ц.С. ја повредил десната рака во…

повеќе...

Подароци за новороденчињата во Охрид кои се родија во текот на Неделата на Црвениот крст

Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, ОО на Црвен крст на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави,…

повеќе...

Нов КТ симулатор за радиотерапија

Министерството за здравство набави и испорача нов КТ симулатор за радиотерапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Неговата инсталација треба да заврши до крајот на јуни годинава, по што ќе биде достапен за пациентите. Вредноста на апаратот е 32,8 милиони денари. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров. Со апаратот, како што појасни, се врши планирање на радиотерапијата, која претставува основа за модерната терапија. Вообичаено, на КТ симулаторот секој пациент поминува по еднаш, согласно досегашната динамика на апаратот поминуваа по околу 7 пациенти дневно,…

повеќе...

Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети  полицаецот А.А. , кој беше повреден во вчерашните настани на јужната граница и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување. Вчера беа повредени уште 13 полицајци и 9 припадници на АРМ, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците и припадниците на АРМ беа повредени откако околу 3000 мигранти се обидоа на сила да влезат на македонска територија. 

повеќе...

„Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираното

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 29.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика. „Од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во периодот од 1 октомври 2015 до денес, со задоволство може да констатираме дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме.…

повеќе...

Тодоров: Новиот мамограф во КБ – Штип од големо значење за пациентите од источниот регион

Ставањето во функција на новиот дигитален мамограф во Клиничката болница во Штип е од големо значење за пациентите од источниот регион. Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети таа јавна здравствена установа. Посочи дека новиот дигитален мамограф, кој чини околу шест милиони денари и е сместен на Одделението за рендгенологија, го заменува стариот аналоген мамограф. „Прегледите на мамографот веќе се ставени во рамките на „Мој термин“ и има три термини во неделата, а два термина се за скрининг за рак на дојката што го…

повеќе...