Заврши асфалтирањето на улиците во Ботун

Пред сам крај е изградбата на улиците во село Ботун, каде градоначалникот на општина Дебрц, Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности каде заврши поставувањето на асфалтен слој. „Извршено е реконструкција на улици со надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со д=7см со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри банкини од 0.75 см и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање. Во наредниот период ќе следи поставување на тротоари поплочени со бехатон плочки. Инвестицијата е дел од проектот за реконструкција на улица во…

повеќе...

Отишол да собира печурки и не се вратил

Денес во СВР-Охрид А.А.(19) пријавила дека вчера (3ти јуни) од домот излегол нејзиниот татко Р.А.(48) упатувајќи се кон с.Ботун за да собира печурки и истиот не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Премиерот Груевски во посета на општина Дебрца

Денес Премиерот Никола Груевски заедно со Државниот секретар Божидар Петроски, Пратениците Лилјана Затуроска и Момчило Аврамоски и Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски свечено го пуштија во употреба реконструираниот водовод во село Ботун и реконструираното училиште во село Требеништа и исто така беа дел од поставувањето на камен- темелник на колекторскиот ситем во село Мешеишта . „Денес, јас можам да кажам дека сум горд што успеавме да стигниме до реализација на овој капитален проект за колекторскиот ситем кој е многу значаен за овие села од општина Дебрца каде што за…

повеќе...

Премиерот Груевски утре во работна посета на општина Дебрца

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски утре доаѓа во работна посета на општина Дебрца. Според најавите, Груевски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, потоа ќе присуствува и на поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Премиерот Груевски исто така ќе присуствува и на свеченот пушттање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала во селото Требеништа.

повеќе...

Делегација од Општина Дебрца утре ќе оствари средби со жители од неколку села во општината

Во текот на утрешниот ден, 4-ти октомври (сабота), градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски придружуван од секретарот на општина Дебарца, Илија Дуклески, директорот на ЈКП Дебрца, Јасмина Мицкоска, директорот на ОУ „Дебрца,“ Иван Димоски, советниците на советот на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, Нола Исмаилоска, Момчило Аврамоски, Крсто Мукоски и директорот на Пуик, Цветко Грозданов ќе се сретнат со жителите на населените места: 1. Оровник 16 часот во просториите на училиштето 2. Требеништа 17 часот во просториите на училиштето 3. Мешеишта 18 часот во поранешната општинска зграда 4. Ботун…

повеќе...

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Ботун-Белчишта

Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Ботун до Белчишта. Се реконструира регионалниот пат од Ботун до Белчишта во должина од 1600 метри. Работите ги изведува Македонијапат, по налог на Јавното Претпријатие Македонијапат.

повеќе...

Заврши изградбата на каптажите за водоводот во село Ботун

Денес градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски  го посети местото каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението. „Со оваа инвестиција се задоволуваат потребите од вода на жителите во с.Ботун, но се растеретува и регионалниот водовод од Караорман кој ги снабдува со вода селата: Белчишта, Лешани, Ново Село, Средоречие и Ботун каде што често во летниот период има недостатоци на вода за пиење. Меѓу другото се врши реконстукција и на водоводната мрежа во с.Ботун која е стара повеќе од 30…

повеќе...

Градоначалникот на Дебарца Трајкоски оствари средба со жителите на Ботун

Во рамките на својата агенда за посети по месни заедници градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски, оствари средба со жителите на с.Ботун. Присутните од страна на Градоначалникот беа запознаени за активностите кои ги презема Локалната самоуправа конкретно за Ботун како и за другите села. Тој истакна дека во постапка е асфалтирање на улици низ населените места на општина Дебарца меѓу кои ќе се асфалтира и улица во Ботун. Потоа беше истакнато дека во завршна фаза е проектната документација за најгорливиот проблем кој години наназад ги мачи жителите на с.Ботун, а…

повеќе...