Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ на екскурзија во Битола

Учениците од трето одделение од Основното Училиште „Григор Прличев“ Охрид, денес реализираа еднодневна екскурзија во Битола. Тие заедно со своите наставнички се прошетаа по битолската чаршија, го посетија Народниот театар, и Зоолошката градина. За учениците беше организиран и ручек. На крај учениците се вратија задоволни и среќни што ја имаа оваа прекрасна незаборавна екскурзија. WebOhrid

повеќе...

И годинава Охрид украсен како од бајките

Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2017 година. Градот блеска во новогодишен сјај. И годинава, бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка која е во златна боја. Инаку, од денес на градскиот плоштад започна дванасетдневната предновогодишна програма, што ја организира општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Поставена новогодишната елка на охридскиот плоштад

Службите на општина Охрид и дел од јавните претпријатија денес ја поставија новогодишната златна елка на градскиот плоштад во Охрид. Изминативе неколку денови, службите на општината и дел од јавните претпријатија работеа на украсувањето на градот за новогодишните празници.  За многу скоро се очекува целиот град да блесне во препознатливиот предновогодишен амбиент.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека денес и утре, екипите на ова претпријатие се ангажирани на чистење на чаршијата од гуми за џвакање (мастики) на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. „Акцијата се врши во раните утрински часови кога по чаршијата нема многу посетители, а одстранувањето на гумите за џвакање го вршат 4 комунални работници со специјални шпакли.“- додаваат оттaму.  

повеќе...

Продолжува обновата на фасадите во Скопската чаршија

Во Старата скопска чаршија оваа година ќе бидат обновени фасади на пет објекти во рамките на проектот на Министерството за култура за реставрација на фасади од староградска архитектура. Надлежни се стручни тимови од Конзерваторскиот центар -Скопје кој годишно во својата програма прави проекти за пет фасади што ги изведува наредната година. Планираните пет за 2016 година се изведуваат врз основа на проекти изработени лани. Една од фасадите е готова и беше претставена денеска, а втората на која интензивно се работи ќе биде завршена за два месеца. Таа се спојува со…

повеќе...

Оглас бр. 04/2016 за прибирање понуди за издавање на неиздадени – Слодбодни локации за поставување урбана опрема

Врз основа начлен 79, член 80, член 80А и член 81од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16 и 39/16),член 34 од Статутот на општина Охрид и,Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 год. бр. 08-17635/30 од 25.12.2015 (Сл.гласник на општина Охрид бр. 14/15) и Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на годишната програма за поставување на урбана опрема во…

повеќе...

Ќе се обновуваат фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица. Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите ­ споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство.Следната недела, Завод и музеј треба да…

повеќе...

Пендаровски во охридско: Заедничка обврска е да го поразиме криминалот

Денеска, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и Ѓоко Танасоски, беа помеѓу граѓаните на Охрид. „Лошата економска ситуација во државата силно се чусвтвува и во Охрид. Изминатите години на економско назадување и стагнација го направија Охрид празен град. Навечер нема никој ниту во чаршијата ниту по улиците. Младите масовно се иселуваат од македонскиот бисер. Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид. Граѓаните мака мачат и со проблемите во здравството, образованието, социјалата. Граѓаните од околните населени…

повеќе...

Утре трибина „Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“ е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на СВР Охрид. На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златарници и менувачници од градот. Утрешната средба има превентивен и едукативен карактер, а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби,…

повеќе...

Пронајдено машко тело на улицата „Цар Самоил“

Машко тело во лежечка положба, рано утрово забележаа полициските службеници на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид. Тука, на хируршкото одделение, преземени се мерки за медицинска помош, но и покрај тоа, лицето починало. По наредба на Јавен обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот. На улицата „Цар Самоил“, на местото каде беше забележано телото на сега починатиот, извршен е увид…

повеќе...