Велигденска честитка од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник „Воскресение Христово- Велигден“, упати честитка до сите граѓани од христијанска вероисповед, во која искрено посакува добро здравје, благосостојба и духовна радост. „На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, на верниците од христијанска вероисповед им посакувам радост и верба во срцата, надеж, разбирање, меѓусебно почитување, солидарност и взаемно помагање- универзални вредности кои на секој човек му помагаат да ги надминува предизвиците и да ја гледа светлината на иднината. Во миговите на чествувањето на најсветите и најдлабоките традиционални…

повеќе...

Честитка од министерот Нухиу до вработените во МВР и граѓаните

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Д-р Агим Нухиу по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи од православна и католичка вероисповед како и до сите граѓани на Република Македонија кои го празнуваат овој голем ден. Во честитката од министерот Нухиу се вели: „Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. На вработените во министерството…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев за празникот Свети Сава

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита денешниот празник Свети Сава на припадници на српската заедница во Македонија и на сите граѓани кои го празнуваат. „Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам најискрени честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го чествувате и ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот. Богатството на традициите и на различностите ја прави Македонија посебна држава којашто има со што да се гордее во светот, бидејки во нашите граници е светот во мало. Ќе…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески до припадниците на српската заедница

Градоначалникот Никола Бакрачески, испрати честитка по повод 27. Јануари, Денот на српската заедница во Република Македонија и празникот Свети Сава. „На нашите сограѓани, припадниците на српската заедница, наискрено им го честитам Денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, кој се прославува секаде каде што живеат Срби.Посакувам празникот да го поминат во пријатна атмосфера со пораки за мир, среќа и благосостојба. Српската заедница во Охрид е нераскинлив дел од нашата заедница, во која сите се стремиме за соживот и меѓусебно почитување, со што даваме придонес во напорите за развој и просперитет…

повеќе...

Заев: Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на големиот празник Рождество Христово – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат, како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. „Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме, почитувни граѓани. Ќе бидеме среќни, децата ќе ни бидат насмеани, ќе живееме квалитетно и спокојно сите. Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите. Посакавме слобода,…

повеќе...

Божиќна честитка од ОО СДСМ Охрид

СДСМ Охрид на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик и им посакува празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост и среќа. „Во секој наш дом нека се вгнезди божја љубов и милосрдие. Инспирирани од Исусовото раѓање, да го славиме и да му се радуваме на животот. Истовремено, во срцата на сите нека се вселат мирот и спокојството, почитта и разбирањето. Во духот на празникот, секој нека даде љубов, помош и поддршка на своите ближни. Нека е честит празникот и за многу…

повеќе...

Божикна честитка од ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати честитка до граѓаните по повод Рождеството Христово – Божиќ. Во неа стои:  Божиќните празници преставуваат денови на хармоничен празничен дом. Денови во кои се чествуваат христијанските вредности врз кои се темелат основните принципи за почит кон православната вера, за почит кон традициите и за почит кон своите блиски. Токму во овие Божиќни празници кога се слави Рождеството Христово нас ни преостанува во целост да се стремиме кон подобро утре со чиста вера и надеж. Нека во овие празнични денови Господ Бог во домовите ни даде здравје,…

повеќе...

Груевски со честитка по повод празникот Рожденство Христово Божик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и македонски Г.Г. Стефан, но и до сите граѓани. „Ваше Блаженство, Со голема радост и задоволство, на овој величествен ден кога го прославуваме најголемиот и најрадосниот настан во историјата, раѓањето на Божјиот син, од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ. „Ваше Блаженство, Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ. Во деновите кои следат ќе го славиме животот, семејството и новите почетоци. Ова е период од годината кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сили и да ги…

повеќе...