„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Денес во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка”, „Прилепска”, Винковачка”, „Прилепска”, „Будва” и ул. „Кленоец”. Граѓаните кои се заинтересирани за оваа акција, и кои живеат на овие улици, можат да подигнат жардиниери со цвеќе денес и утре (6 и 7 јуни), а при себе треба да имаат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

повеќе...

Богат асортиман на цветен материјал во Расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“

И оваа сезона во расадникот на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” се произведени голем број на садници од најразновиден цветен материјал. „Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија (обична и висечка), тагетес (џунџуле), салвиа (жарче), целосиа (петлов гребен), импатиенс (лепи јово), агератум, винка и циниа.“ – велат од претпријатието. Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на „Хидробиолошки Завод” каде ќе…

повеќе...

Се засадува зимската цветна реколта

Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец“, започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се до пролетта. „Денес се засадуваа садници од видот Виола (очиња) на кружниот тек кај Охридска банка, додека на улицата „Аџи Мустафа,” покрај новоизградениот тротоар започна хортикултурно уредување.“- индормираат од препријатието.

повеќе...

Хортикултурно се уредува центарот на Охрид

Изминативе денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности хортикултурно го уредуваa центарот на градот. „Во парковите кај плоштадот, малиот плоштад и на кејот „Македонија” беа засадени нови садници од сортите „игератум”, „салвија”, „петунија” и „џунџуле”. Исто така „џунџуле” беше засадено и на кружниот тек кај Охридска банка.“- информираат од претпријатието.

повеќе...

Се засадува зимската цветна реколта

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со разубавување на зелените површини во градот со засадување на цветниот материјал кој ќе ги краси парковите во доцниот есенски период, зимската сезона, па се до пролетта. Планирано е да се засадат околу 35.000 садници од видот viola (очиња) од сопственото производство. Благодарение на издржливоста на пониски температури виолата-оче ќе ги освежи парковите во престојниот период, а ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, новиот мини-плоштад кај Музичкото училиште, новата патека после каналот Студeнчишта итн.

повеќе...

Се подготвува зимската цветна реколта

Во расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе се подготвува зимската реколта од цветниот расад од видот „виола“ – очиња. Процесот на подготовка започнува со обработка на плодна хумусна земја која е збогатена со органско ѓубриво. Потоа следува никнување на семето во топлите леи на расадникот и засадување на садниците во соодветни саксии со плодна земја. После одреден период кога садникот ќе добие соодветна форма, цврстина и големина, истите ќе бидат засадени во градските парковски површини и ќе ги красат до пролетниот…

повеќе...

Одбележани 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“

По повод 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, и Денот на Армијата на РМ, делегација на Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, како и делегација од општина Дебрца предводена од градоначалникот Игор Трајкоски, положија цвеќе пред споменикот и спомен плочата на паднатите борци на Славеј Планина и во село Годивје. На Славеј Планина ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска и претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески одржаа историски час. Во село Годивје делегациите ја посетија и…

повеќе...

Делегации на СДСМ оддадоа почит на загинатите бранители кај Карпалак

По повод 14 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Фросина Ременски и делегација од Општинската организација на СДСМ од Тетово денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак.

повеќе...

Во петок ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“

Општина Охрид традиционално и годинава, на 10-ти јули (петок) ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ , „Кузман Капидан“, „Браќа Миладиновци“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „ Петар Чаулев“, „Димче Маленко“, „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ . Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ на 10-ти јули…

повеќе...

Голем избор на цветен материјал во Расадникот на „Охридски Комуналец“

Секојдневно низ парковите во Охрид никнуваат цвеќиња од новата летна цветна реколта. Садниците се од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ кој за оваа сезона произведе 40.000 садници најразновиден цветен материјал. „Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија, газанија, бегонија, вербена, винка, агератум, импатиенс, салвија и др., потоа ружи (полианта, мини и класична) и голем број…

повеќе...