Асфалтирани неколку улици во населба Даљан

Со свечена пригода, денес градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, ги стави во употреба целосно реконструираните и асфалтирани улици „Мича Гилиќ“, „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“. Реконструкцијата опфати изградба на нов систем за одведување на атмосферски води со колекторот и испусна градба. Ваков систем за прв пат е поставен во овај дел, а неговото непостоење претходно беше главна причина што при поголеми врнежи од дожд се поплавуваа улиците и околните куќи. Сега тој проблем е надминат. Атмосферската канализација е во вкупна должина од 1 287 метри. „Претходно овие улици беа во…

повеќе...

Се санираат оштетувањата од реката Даљан

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а веднаш по алармирањето за настанати оштетувања, општина Охрид започнува со санирање на штетите што ги направи реката Даљан, на потегот од патот кој води до истоимениот хотел и Извидничкиот центар. Оштетувањата настанаа од поплавите поради проширувањето на коритото на реката. Денеска на финален увид на просторот каде има оштетувања беа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и претставници на стручните служби кои периодов ќе работат на санација на проблемот. Секретарот Спасески информира дека веднаш по дојавата за настанатиот проблем, а на барање на…

повеќе...

Алармантна состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“ и Извидничкиот центар

Алармантна е состојбата со асфалтираниот пат пред платото на хотелот „Даљан“ и Извидничкиот центар во Охрид. Реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја „јаде“ асфалтираната површина, создава брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, можно е лизгање на патот и сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон хотелот „Даљан“. Ова е констатацијата на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид чии претставници предводени од претседателот на Советот м-р Стефан Димоски, вчера беа во посета на овој потег пред хотелот.…

повеќе...

Нови хортикултурни решенија кај Мазија, Сараиште и Даљан

Деновиве, екипите на „Паркови и зеленило“ работат на формирање на зелени катчиња со нов естетски изглед и оформување на нови парковски решенија.  Се реконструираат: паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“ кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населба „Даљан“ зеленото катче околу спомен-обележјето на Коста Абраш на Сараиште Постоечките површини се реконструираат со оплеменување со плодна земја, засадување на нови цветни леи и декоративни садници и украсување со декоративен чакал.

повеќе...

Решен деценискиот проблем на жителите од населбата Даљан

Денес во населбата Даљан, на потегот кај ОУ „Св.Климент Охридски“, Општина Охрид ги урна рунираните објекти. Овие објекти претставуваа потенцијална опасност за учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ и за жителите на населбата Даљан. На овој простор планирано е хортикултурно и партерно уредување. Со уривањето на овие објекти кои се во непосредна близина на  ОУ „Св.Климент Охридски“, се решаваат долгогодишните потреби на жителите од оваа населба.

повеќе...

Во сабота акција за зелен о​тпад во населбите „Воска“ и „Д​аљан“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 9-ти ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од населбите „Воска“ и „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот…

повеќе...