Потпишан Договор за соработка помеѓу Регулаторните комисии за енергетика на Македонија и Бугарија

Денес во Скопје се потпиша Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) и Регулаторната комисија за енергетика и води на Република Бугарија (РКЕВ). Договорот, во име на РКЕ, го потпиша претседателот и член на РКЕ, Димитар Петров, додека во име на РКЕВ, Договорот го потпиша членот и шеф на делегацијата, Александар Јорданов. Со Договорот за соработка се надградува досегашната пракса на добра соработка помеѓу регулаторните комисии од двете држави и се воспоставува институционална рамка за продлабочување на соработката на билатерално и мултилатерално ниво, размена на…

повеќе...

Свечено потпишување на договори со грантистите од АБД Грант шемата

Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) утре во Ресен свечено ќе ги потпише договорите со грантистите од Вториот повик од АБД Грант шемата за прекуграничниот регион Преспа. Во рамки на овој настан ќе бидат потпишани вкупно десет договори со шест апликанти од Македонија и четири од Албанија со вкупна вредност од 64.729 евра. Грантовата шема беше спроведена од страна на Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во рамки на проектот „Рурален развој преку интегрирано управување со шумските и водните ресурси“ кој се спроведува во соработка со…

повеќе...

Охриѓанец измамен при купопродажба на 55 тони јаболка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б. (44) од ресенското село Царев Двор. Пријавениот, кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом, со лажно прикажување, успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55.000 килограми јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621.000 денари. Бидејќи до крајот на јануари оваа година, на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на…

повеќе...

Нови шест специјалистички ординации склучија договор со ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот. Фондот има склучено договор со 173 приватни специјалисти по медицина за кои годишно за исплата се предвидени 201 милион денари. Новите шест специјалисти кои склучуваат договор со Фондот за здравство ќе почнат со работа од 1 ноември 2016 година. За нив до крајот на годината за два месеци Фондот…

повеќе...

Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик

Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза. „Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска“…

повеќе...

Што договорија партиите: Нов уредник на МТВ, ад хок тело за медиуми и поддршка за СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Македонија на својата веб-страница го објави договорот што го постигнаа четирите политички партии. Во договорот се вели дека партиите се согласија измените на Изборниот законик да почнат да се применуваат од 22 јули. Според него, 171.500 лица ќе бидат ставени на дополнителен дел на избирачкиот список, но нивното право на глас не е спорно. Спорните 39.502 лица ќе бидат јавно објавени во рок од три дена по донесувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Тие лица ќе можат самоиницијативно да се пријават во ДИК…

повеќе...

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бара причина да нема договор, бегаат од фер избори

Изјава за медиуми Радмила Шекериснка, заменик претседателка на СДСМ Медиуми: Дали има некакви конкретни предлози? Шекериснка: Не би сакала да влегувам во конкретни предлози, иако во изминативе 10 дена имаше многу. Меѓутоа според она што се случуваше во изминативе 2 месеца и новите барања коишто беа измислени во последните 10-тина дена станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. Заради тоа им беше…

повеќе...

Договор нема партиите викендов ќе размислуваат за понудените опции

Претставниците на политичките партии и денеска не постигнаа договор на преговорите кои во резиденцијата на Европската Унија во Пржино започнаа претпладнево во 11 часот. По завршувањето на преговорите, американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека имало извесен напредок и затоа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав ќе остават простор партиите во текот на викендот да размислат по однос на предложените опции, за преговорите да продолжат следната недела. Амбасадорот Бејли е оптимист дека кај партиите има политичка волја за решавање на отворените прашања, но не одговори на новинарските прашања, кој…

повеќе...

Потпишана административната спогодба за спроведување на Договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Албанија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес оствари работна средба со својот албански колега, министерот за млади и социјална заштита, Бленди Клоси во Тирана, Република Албанија. Целта на посетата и работната средба беше потпишувањето на Административната спогодба за спроведување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување. Со примената на овој договор кој стапи на сила од 1 јуни 2016 година, се овозможи остварување права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита, болест и мајчинство, итно обезбедување на здравствена…

повеќе...

Тодоров: Медиумите да не бидат предмет на злоупотреба, ниту пак предмет на цензура

„За ВМРО-ДПМНЕ не е спорно и не е проблематично да се прифати барањето на СДСМ кое е непотребно, да се обележат тие 170-тина илјади гласачи со ѕвездичка како лица што се во дијаспора и за овие 39.502, како што утврди Државната изборна комисија да бидат објавени, а кои од нив нема да се јави на проверката да не биде вклучен во избирачкиот список.“ Ова го истакна Никола Тодоров, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба во резиденцијата на Европската унија во Пржино, на која главни теми биле прочистувањето на избирачкиот список…

повеќе...