Ефекти од Скрининг-програмата за рано откривање на рак на грло на матка во Македонија по повод „Неделата за превенција на цервикалниот канцер“

Со цел намалување на инциденцата и смртноста на жените од рак на грло на матка во Република Македонија преку превентивни активности на институционално ниво, Владата на Република Македонија секоја година донесува Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија што ја изготвува Министерството за здравство, во која посебен дел претставува Програмата за рано откривање и спречување на ракот на грлото на матката преку која последниве неколку години се спроведуваат неколку активности за превенција на ракот на грло на матка. Активностите за оваа цел ги спроведуваат Министерството за здравство,…

повеќе...

Фудбалските клубови мора да имаат соодветно лиценциран доктор/физиотерапевт

Клубовите кои се натпреваруваат во натпреварите во организација на ФФМ од сите возрасни категории мажи и жени мора да имаат соодветно лиценциран доктор, односно физиотерапевт. Без соодветни лиценци издадени од ФФМ, според Правилникот за натпревари и Правилникот за здравствена заштита на ФФМ, докторот и физиотерапевтот не можат да седат на клупата за официјалните лица и резервните фудбалери. Доколку домаќинот нема соодветно лиценциран доктор, натпреварот нема да се одигра, а домаќинот се санкционира според Правилникот и Пропозициите за натпревари и Дисциплинскиот Правилник на ФФМ. За добивање на соодветна лиценца за службените…

повеќе...

Груевски: Илјада лица медицински персонал на обука во странски клиники

Од следната година се планира по илјада наместо како досега 500 лекари, медицински сестри и друг медицински персонал, од кои најмалку 800 ќе бидат лекари, да одат на обука во поразвиени болници и клиники насекаде во светот во најголем дел во Америка и во Европа, а дел од нив и во Азија, информираше премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање со каква динамика ќе се интензивира овој проект, по завршувањето на денешната традиционална средба со коалициските партнерти „За подобра Македонија“. Тој потсети дека веќе има широко распространета мрежа на склучени…

повеќе...

Едукација на матични лекари 2014 / 2015

Почитувани, согласно Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/13 и 39/14), започнуваат едукациите за избрани лекари организирани од Министерството за здравство. Присуството е задолжително. За повеќе информации датумот, местото и времето на одржување на едукациите погледнете го РАСПОРЕДОТ. а. РАСПОРЕД (ЛИНК) – АЖУРИРАН (17.12.2014) б. Групи Пункт Битола – Ажуриран список  Пункт Велес – Ажуриран список Пункт Гостивар – Ажуриран список Пункт Кочани – НОВ Ажуриран список Пункт Куманово – Ажуриран список Пункт Охрид – Ажуриран список Пункт Прилеп…

повеќе...

Децата треба да се вакцинираат, децидни се лекарите

Децата треба да се вакцинираат, сите до едно, е ставот на лекарите. Небулози и кардинални бесмислици се, велат, информациите на интернет страниците и социјалните мрежи за наводните несакани последици од имунизацијата. Ако родителите ги следат, само ќе се исплашат и ќе бидат доведени во заблуда. „Во Македонија, откако вакцинираме до денес, нема потешка несакана реакција освен вообичаените, прикажани во упатството како очекувани, висока температура, болка на место на оток, ретки случаи со конвулзии, еден до два годишно,“ изјави д-р Јованка Костовска, национален координатор за имунизација на РМ во Светската здравствена…

повеќе...

Врвни италијански кардиохирурзи ќе работат во Државната кардиохирургија

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, во придружба на министерот за здравство Никола Тодоров, оствари средба со реномираните италијански кардиохирурзи Роберто Чини и Антонино Маруло. Во рамките на заложбата на Владата за соработка со врвни медицински центри и медицински стручњаци во светот, Владата договори конкретна соработка и ангажман на овие кардиохирурзи во Република Македонија. Ангажманот на Чини и Маруло ќе се реализира преку нивна практична работа на проектот Државна кардиохирургија, односно нивно директно учество во медицинските активности во овој проект. Исто така двајцата доктори ќе вршат и едукација…

повеќе...

Девет илјади прегледани за два месеци во рамки на проектот „Рурален доктор“

Девет илјади граѓани се прегледани во јануари и февруари кога проектот „Рурален доктор“ се спроведуваше како пилот проект. Проектот со кој се опфатени жители на населени места во Македонија кои немаат директен пристап до доктор во нивното место на живеење, се спроведува успешно и ќе продолжи со несмалено темпо во насока на обезбедување достапна и континуирана здравствена заштита за сите граѓани на Република Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека во проектот кој официјално почна да се спроведува со цел овозможување подостапна…

повеќе...

Македонски лекари ќе се усовршуваат и во Клиниката во Штудгарт

Македонски лекари во иднина ќе усовршуваат понапредни методи во Клиниката во Штудгарт, а лекари од оваа германска клиника ќе доаѓаат во Македонија ќе ги пренесуваат своите искуства. Оваа соработка е овозможена со денешното потпишување на Меморандум за соработка од страна на претседателот на Владата Никола Груевски и раководителот на градската Државна клиника во Штудгарт Јурген Крафт. „Ја посетивме главната Градска државна клиника, која е многу напредна во повеќе области и со која потпишавме Меморандум за соработка. Наши лекари ќе доаѓаат тука на обука за учење на нови, понапредни методи коишто…

повеќе...

Тодоров: Проектот „рурален доктор“ се спроведува успешно

Пет пункта опфатени со пилот проектот „рурален доктор“ се поставени во Куршево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Прокетот „рурален доктор“ официјално почнува од 1 март. Ова денеска го истакна министерот за здравство Никоча Тодоров при посетата на Здравствениот дом во Крушево, каде се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена установа. Според него, проектот се спроведува успешно, а целта е да се опфатата сите наслени места каде нема лекар. Тој посочи дека лекар и медицинска сестра секој ден…

повеќе...

Кривична пријава против лекар од Охрид поради издавање невистинито лекарско уверение

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(52) лекар и управител во ПЗУ „Прима Медика“ и против Г.С.(49), вработен во општина Охрид, за сторено кривично дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. На 22.11.2013 година, во Охрид во ПЗУ „Прима Медика“ пријавената во својство на лекар издала и евидентирала невистинито лекарско уверение во траење од 18.11. до 22.11.2013 година за пријавениот Г.С., иако знаела дека истиот не се јавил на лекарски преглед. На 22.11.2013 година, Г.С. лекарското уверение го доставил во општина Охрид каде го оправдал своето отсуство…

повеќе...