Милошоски: Како досега така и понатаму ќе се фокусираме на економијата и нови вработувања

Како досега така и понатаму ќе се фокусираме на економијата и нови вработувања, истакна денес по средбата со жителите на Пештани, Антонио Молошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Во 2006 година имаше вкупно 560.000 вработени во Македонија. Денес, во 2016 година имаме 720.000 вработени луѓе, што е за 160.000 вработувања повеќе, резултат на нашата работа. Второ, во Охрид, во 2006 година имавме 12.000 невработени лица, денес како невработени во Заводот за вработување се водат 6.500 лица. Нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Р. Македонија, пратениците, економскиот тим, сите ние заедно сме…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ – најуспешен хотел во 2016 како „Нова туристичка понуда во хотелиерството“

Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“. „Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид. Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец…

повеќе...

Македонците се наоѓаат во PayPal заблуда

Поминаа точно две години откако PayPal „пристигна“ во Македонија. Но, дали овој сервис функционира за Македонците!? Да, доколку сакате да ставите пари од вашата картичка и да купувате или плаќате на интернет. Не функционира, доколку работите нешто преку интернет и сте заработиле одредена сума на пари кои сакате да ви бидат исплатени на вашата PayPal сметка, или пак доколку некој друг сака да ви префрли средства од негова сметка. На тоа прашање, WebOhrid побара детално објаснение од страна на PayPal. WebOhrid: Дали Македонците не можат да примаат средства на своите PayPal…

повеќе...

ДЗС: Растот на економијата во првиот квартал 2 отсто

Македонската економија во првиот квартал од годинава бележи раст од 2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 отсто, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 11,7 отсто и Градежништво од 7,7 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,3…

повеќе...

Охрид домаќин на конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми

Охрид по четврти пат е домаќин на меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми „ Охрид- Водици 2016“ што започна денес. Главна тема на конференцијата е „ Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите”а на свеченото отворање пред присутните во куќата на Уранија се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Охрид низ целата своја историја бил средиште каде се преплетувале, цивилизациите и културите, при што секоја од нив оставила неизбришлив печат на своето време. Воден како од некоја невидлива…

повеќе...

Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“

Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“. Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија). Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното…

повеќе...

Груевски: Економските показатели укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст

Податоците на Државниот завод за статистика за раст од 13,1 процент на индустриското производство во октомври и за 8,1 отсто на прометот во индустријата укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст на индустријата, оцени денескапремиерот Никола Груевски. „Компаните кои се во индустријата прават добри заработки и тие понатаму ќе може да ги инвестираат во нови капацитети, што ќе значи отворање нови работни места. Јас сум многу задоволен од тоа како се одвиваат работите со растот на индустриското производство, а и исто така и со растот на БДП“, истакна Груевски,одговарајќи на…

повеќе...

Достапни бесплатни проекти за изградба на куќи

Бесплатни проекти за изградба на куќа од денеска можат да се подигнат од Министерството за транспорт и врски и од веб страницата www.mtc.gov.mk. Со владината мерка се овозможува субвенционирање од 900 до 2.000 евра преку обезбедување бесплатен проект за изградба на објекти за домување. – Проект ќе добие секој кој е заинтерсиран и нема ограничување на локацијата за градење, информира денеска на прес-конференција ресорниот министер Владо Мисајловски. Преку јавен конкурс Министерството за транспорт избрало идејни решенија со изработен проект за шест типа објекти со различна површина. – Се работи за…

повеќе...

Пешевски: Остануваме фокусирани на економскиот раст

Секој што ја анализира макроекономската состојба во Македонија може да дојде до сопствени заклучоци, но ние остануваме фокусирани на намалувањето на невработеноста, создавањето нови работни места, поттикнување на инвестициите и генерално, раст на економијата. Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски по денешната работилница „Пристап до финансии“, одговорајќи на новинарски прашања во врска со оценките на Европската комисија нотирани во последниот извештај. Ако се погледнат овие параметри и анализите за подобрувањето на бизнис климата можеме, рече Пешевски, да бидеме задоволни. „Секогаш има простор за подобрување, но треба да водиме сметка и…

повеќе...

Уште десет дена за регистрација на Македонскиот економски самит

Македонскиот економски самит во ноември ќе овозможи интерактивна дискусија со повеќе од 40 панелисти и 300 гости од голем број земји во светот. Македонија ќе биде место каде ќе се собeрат експерти за економско-финансиски тредови во Европа и регионот, глобални технологии и иновации, дигитални и мобилни трендови, претприемништво и лидерство. Планирани се настани за млади таленти и претприемачи, говори од специјални говорници, презентации и интерактивни дебати, како и многу можности за вмрежување. Еден од главните говорници на Самитот ќе биде Хери Крејмер кој е универзитетски професор на Бизнис школото Келог…

повеќе...