Охриѓанец се удави кај Сараиште

Безживотно машко тело, вчера околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег. По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена…

повеќе...

Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација

Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Центар Жупа поради незаконит риболов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, полициската станица од Дебар поднесе привична пријава против С.И. (31) и И.О. (26), двајцата од селото Долгаш, општина Центар Жупа. Пријавените, казненото дело го сториле на четврти овој месец во 00.50 часот во водите на Дебарското езеро. Тие биле забележани во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското езеро а потоа затекнати од полициските службеници. При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“, една мрежа во должина од 400 метри и четири парчиња уловена…

повеќе...

Почувствуван земјотрес во Охрид

Денес во Охрид во 11:42 часот беше почувствуван земјотрес. Според сеизмолошките податоци, неговиот епицентар е 7 километри западно од Охрид, на длабочина од 2 километри под Охридското Езеро, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер. WebOhrid

повеќе...

ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи. Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања…

повеќе...

Охридското Езеро промовирано во Турција

На покана на општина Есенлер, општина Охрид преку свои претставници и КУД Ѓердан, учествуваше на одбележувањето на Светскиот ден на водата 22. Март. На меѓународниот состанок на историски градови на водениот пат, освен Македонија – Охрид и домаќините од Турција, учествуваа и претставници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Романија. Општина Охрид имаше свој штанд со промотивни материјали и изложба на фотографии со мотиви од Охридското езеро. Освен настапот на КУД Ѓердан, општина Охрид учествуваше и со поетско читање. На настанот освен градоначалникот, заменик градоначалникот…

повеќе...

Кривична пријава за албански државјанин кој криучарел дрога во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ц. (44) од Поградец, Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”. На 13.02.2017 година, по претходен договор со лице од Р.Албанија, извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана по воден пат преку водите на Охридско Езеро. Пријавениот од месноста Градиште презел една патна торба со шест поединечни пакувања на опојна дрога марихуана и ја ставил во своето ПМВ Мерцедес со албански регистарски ознаки и се упатил…

повеќе...

Лазаревска: Локалната под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Езерото заради производство на струја

Бараме од локалната власт под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Охридското Езеро заради производство на струја. Преку вчерашната реакција на Општина Охрид стана јасно дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата. Ова денес го изјави Жаклина Лазаревска, Пратеник во Собранието на Р. Македонија од редовите на СДСМ. „Наместо да обвинува за политизација и партизација, локалната власт мора конечно да се зафати со…

повеќе...

Езерото празно, чека зголемување на водотеците

Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid

повеќе...

Галеб улови крап

Повреден крап доплива кај старото пристаниште. Но, со оглед на тоа што нивото на вода на овој дел од Охридското Езеро е намалено, тој заврши како плен за галебите. И покрај тоа што крапот е релативно поголем, галебот храбро го колваше. WebOhrid

повеќе...