Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид за академската 2017/2018 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15),Mинистерството за образование и наука распишува…

повеќе...

Студентски филмски фестивал Филмоција во Охрид

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 9ти до 12ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. – Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет од Тетово, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна…

повеќе...

Проекција на филмот „Fish & Cat”

Утре во 18:30 часот, во амфитеатарот на Филмска Академија Охрид (поранешен Дом на АРМ) ќе се прикажува филмот „Fish & Cat“ на познатиот ирански режисер Shahram Mokri. Влезот е слободен за сите љубители на филмот.

повеќе...

Охридска премиера на „Дениција“ од Петре М. Андреевски

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, во четврток на 19 јануари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат…

повеќе...

Одржана научна конференција „Филмот и Духовноста”

Институтот за филм – Филмска академија Охрид (ФИОФА) минатата недела (18. – 20. октомври) беше организатор и домаќин на научна конференција на тема „Филмот и Духовноста”.  На оваа конференција четиринаесетте учесници меѓу кои д-ри на науки, професори и истражувачи од ФАМУ, ФИОФА, Словачката Академија за наука (Братислава), Универзитетот на Константин Филозоф (Нитра), Универзитетот Масарикс (Брно), Универзитетот Паласки (Оломоуц), Универзитетот Комениус (Братислава), Академијата за сценски уметности (Братислава), Карловиот универзитет (Прага) и Универзитетот на Томаш Бата (Злин) учествуваа со свои научни трудови и дискутираа на горенаведената тема од различни аспекти. Нивните трудови…

повеќе...

„Златна петорка“ – филмот за ликвидираните струмички студенти утре премиерно во Охрид

Македонскиот игран филм „Златна петорка“ по домашната премиера во Скопје и светската во Лондон, во петок ќе ја има и својата премиера пред охридските гледачи. Охриѓани филмот ќе може да го погледнат во Центарот за култура „Григор Прличев“, утре со почеток од 20 часот. Кино проекции ќе има и овој викенд, 22ви и 23 октомври (сабота и недела). Сценариото за овој македонски филм е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски,…

повеќе...

„Златна петорка“ – филмот за ликвидираните струмички студенти во петок премиерно во Охрид

Македонскиот игран филм „Златна петорка“ по домашната премиера во Скопје и светската во Лондон, во петок ќе ја има и својата премиера пред охридските гледачи. Охриѓани филмот ќе може да го погледнат во Центарот за култура „Григор Прличев“, на 21ви октомври (петок), со почеток од 20 часот. Кино проекции ќе има и овој викенд, 22ви и 23 октомври (сабота и недела)  Сценариото за овој македонски филм е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е…

повеќе...

Фестивал на новиот германски филм

Дванаесеттиот Фестивал на новиот германски филм што се одржува во Центарот за култура „Григор Прличев“ , беше свечено отворен со трагикомедијата „Мед во главата“ од Тил Швајгер. На свеченоста на која присуствува претставници на амбасадата на Сојузна Република Германијаи ПроКредит Банка се обрати и заменик градоначалникот Ангел Јанев. Охридската публика, во неделата навечер го проследи филмот „За една девојка“ (комедија драма). Вечерва, ќе се прикажува филмот „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), а во вторник во 11 часот детскиот филм „Куќата на крокодилите“, во 13 часот „Хердер-помеѓу два света“ и во 20…

повеќе...

Дванаесетти фестивал на новиот германски филм во Центарот за култура – Охрид

Во организаиција на Амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид, вечерва свечено ќе биде отворен „Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм”. Фестивалот ќе биде отворен, со почеток во 20:00 часот, со трагикомедијата „Мед во главата” од Тил Швајгер. Потоа ќе следат филмовите: -За една девојка -комедија – драма / 16.10.2016 / 20.00 ч -Државата против Фриц Бауер – драма / 17.10.2016 / 20.00 ч -Куќата на крокодилите – детски филм 18.10.2016 / 11.00 ч -Хердер-помеѓу два света – драма 18.10.2016 / 13.00 ч -Тура…

повеќе...

Отворен 37. Интернационален фестивал „Браќа Манаки“

Под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“ и со перформанс што го подготви режисерот Мартин Кочовски во кој настапија актери од Битолскиот и Прилепскиот театар, студенти од ФДУ и гимназијалци од овој град, во Битола почна најновото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Кинематографери, режисери, актери и други претставници од филмската индустрија од целиот свет вечерва најнапред на црвениот килим, а потоа и пред сцената во Центарот за култура, го поздравија оскаровецот Џон Сил, кинематографер од Австралија кому беше врачена златна „Камера 300“ за „животно дело“,…

повеќе...