Трајкоски: Oпштина Дебрца ја предаваме со позитивно салдо од 879.269 денари

Општина Дебрца го направи својот избор и согласно тоа секогаш треба да се почитува волјата на жителите на Општина Дебрца. Впрочем тоа ми преставувало главно мото во изминативе 4.5 години, вели во известување до новинарите досегашниот градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски. Трајкоски, на новиот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески му го честита мандатот и му посакува успех во реализацијата на проектите поврзани со Општина Дебрца. „Напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме…

повеќе...

СДСМ: Општина Дебрца со најнетранспарентен буџетски процес

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Центарот за економски анализи (http://cea.org.mk) деновиве ги објави наодите од проектното истражување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај општините во Република Македонија. Во истражувањето се опфатени сите општини во Република Македонија, распоредени во осумте плански региони. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во рамките на Југозападниот плански регион, за фискалната 2016 година општина Дебрца, заедно со општина Центар Жупа се најнетранспарентните општини во поглед на буџетскиот процес и отчетноста при…

повеќе...

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата. Народната банка на Република Македонија од утре (15 декември) ќе ги пушти во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари. Како што информираше НБРМ, одлуката за издавање на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. Исто така, според НБРМ банкнотите со апоенска вредност од 5.000 денари не биле прифатени од пошироката јавност заради нивната висока…

повеќе...

Министерот за финансии Миновски го посети Централниот регистар

Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миновски на Централниот регистар на Република Македонија. „Министерот Миновски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучен за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија и ја истакна улогата што ја има оваа институција во олеснувањето на условите за водење бизнис и во зголемувањето на сигурноста во правниот промет“, соопшти по посетата Централниот регистар. Директорот на Централниот регистар,…

повеќе...

Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути

По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…

повеќе...

Почна исплатата на авансната помош за поплавените

Почна авансното обесштетување на семејствата од поплавените подрачја. Вкупно 2.154 лица, кои беа опфатени во евиденцијата на Комисијата за проценка на штетите во скопскиот и тетовскиот регион можат да ги подигнат парите на шалтерите на банките со документи за идентификација – лична карта или пасош. Министерството за финансии вчера ги префрлило парите на посебните наменски сметки во деловните банки. „Исплатата ќе продолжи и во наредниот временски период, согласно податоците кои ќе ни бидат доставувани од Комисијата за надомест на штети. Се работи за префрлање средства на 2.154 граѓани“, изјави вчера…

повеќе...

Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/16). Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани…

повеќе...

МФ: Јавниот и државниот долг во вториот квартал намалени за над 50 милиони евра

За над 50 милиони евра се намалени државниот и јавниот долг во вториот квартал годинава. Согласно податоците кои ги објави Министерството за финансии на својата веб-страница, државниот долг заклучно вториот квартал годинава е 36,9 отсто од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 59,5 милиони евра. Јавниот долг, пак, е 45,3 проценти од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 56,9 милиони евра. Во вториот квартал годинава, Владата изврши исплата на обврзниците за денационализација во висина…

повеќе...

Успешното управување со јавните финансии останува приоритет

Успешното управување со јавните финансии останува приоритет и во 2016 година, што подразбира дисциплинирана буџетска потрошувачка, редовно исплаќање на обврските и поддршка на макроекономската стабилност, рече денеска министерот за финансии Кирил Миноски, образложувајќи го ребалансот на Буџетот пред пратениците. Според него, политичката и економската состојба во земјата и остварените макроекономски параметри во првата половина од годината соодветно се одразуваат и врз остварувањата на Буџетот. Согласно очекувањата за овој период, расходите се извршуваат редовно и навремено. Осврнувајќи се на макроекономските движења во 2016 година, Миноски рече дека во првото тримесечје БДП…

повеќе...

Миновски: Банките стабилни, може да се фокусираат на кредитирање на компаниите

Банките да го интензивираат процесот на инвестирање во корпоративниот сектор зашто се доволно стабилни и ликвидни, порача денеска министерот за финансии Кирил Миновски. „Имаме доволна стабилност и ликвидност во банкарскиот сектор, а инвестициите придонесуваат за економскиот раст“, истакна Миновски по денешната редовна седница на Комитетот за финансиска стабилност во Народна банка на Република Македонија (НБРМ). Според него, Министерството за финансии преку ребалансот на Буџетот успеа да обезбеди доволно средства за капитални ивестиции, а еврообврзницата е успешно издадена што значи дека банките може да се фокусираат на кредитирање на компаниите кои…

повеќе...