Благоја Милевски: Одговорноста е моја! Упатувам извинување до целата јавност

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по синоќешниот пораз од Гибралтар истакнува дека одговорноста за резултатот на натпреварот против Гибралтар е негова, Милевски упатува извинување до целокупната спортска јавност за неочекуваниот пораз во квалификациите за ЕП во Италија. „Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам…

повеќе...

Македонија У21 поразена од Гибралтар

Македонската репрезентација под 21 година доживеа срамен пораз од Гибралтар У21. На натпреварот кој се играше во Португалија, Македонија У21 загуби минимално со 1:0 од аутсајдерот во нашата група, па наместо да оди накај првото место во групата, нашата млада репрезентација се најде на последното. Дали нашите го потценија противникот или пак станува збор за нешто друго? Сомнеж буди високиот коефициент кај светските обложувалници, кој непосредно пред натпреварот достигна дури 32 за победа на Гибралтар. WebOhrid

повеќе...

Македонија 4:0 Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација го одигра и последниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. На стадионот „Младост“ во Струмица, Македонија ја пречека репрезентацијата на Лихтенштајн. Македонија имаше шанса уште во 2 минута, но Пандев упати слаб удар, кој без проблем го скроти голманот на Лихтенштајн. Барди во 5 минута се обиде со удар од далечина, но биеше над голот. Во 8 минута Пандев беше фаулиран на околу 18 метри од голот на Лихтенштајн, а Барди биеше само во живиот ѕид. Нашите фудбалери се обидуваа да го пронајдат патот до голот на…

повеќе...

Италија 1:1 Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра деветтиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. Во Торино, нашата репрезентација и гостуваше на Италија. Натпреварот започна со пресинг од страна на италијанската репрезентација. Агресивната игра на Италија траеше само во првите десетина минути. Во 17 минута Пандев упати посериозен удар, но голманот на Италија, Буфон успеа да ја скроти топката. Средината од првото полувреме се карактеризираше со не многу течна игра, со многу прекини и грешки. Како што наближуваше полувремето, Италија постојано настојуваше кон нашиот гол, а тоа резултираше со гол…

повеќе...

Македонија У21 загуби од Србија

Репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Србија до 21 година со 0:2 на натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2019 година во Италија. За „црвено-жолтите“ ова е прв пораз во квалификациски дуел по повеќе од две години. Тие немаа загубено од септември 2015 година, кога беа поразени од Исланд. Во 22. минута Србија преку Саша Лукиќ стигна до водство од 0:1. На 0:2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата. Најдобрата шанса во првиот дел Македонија…

повеќе...

Милевски ги соопшти избраните фудбалери за Србија и Гибралтар

Селекторот на Македонија до 21 година го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6. октомври, тренинг центар „Петар Милошевски) и Гибралтар (10. октомври, Фару) за пласман на ЕП 2019 во Италија. На списокот на Милевски се наоѓаат 22 фудбалери. Елиф Елмаз (Фенербахче) и Никола Ѓорѓев (Твенте) ќе бидат дел од селекцијата до 21 година само за натпреварот против Србија во Скопје. Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонијадо 21 година по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6 октомври, тренинг центар…

повеќе...

Несторовски постигна два голови, а заработи и два жолти картони

Илија Несторовски постигна два голови во победата на Палермо од 2:1 против Про Верчели. Капитенот на Палермо, Несторовски, најпрво го изедначи резултатот на 1:1 во 25 минута, а во 51 минута го постигна вториот гол и го доведе својот тим во предност од 2:1. Покрај двата голови, Несторовски заработи и два жолти картони, од кои првиот во 72 минута, додека пак вториот во 85 минута што значеше и црвен картон и исклучување за нашиот репрезентативец. По шест одиграни натпревари Несторовски има постигнато 4 голови, а неговиот тим Палермо се наоѓа…

повеќе...

Селекторот Ангеловски ги одреди фудбалерите за натпреварите против Италија и Лихтенштајн

Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари од квалификациите за СП 2018 година во Русија, против Италија (6 октомври во Торино) и Лихтенштајн (9 октомври во Струмица).

повеќе...

Јаховиќ постигна автогол, но возврати со хет-трик

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ денес успеа да направи подвиг за својот клуб Гозтепе, кој денес забележа значајна победа во гости против Сиваспор. Најпрво, во 16 минута Јаховиќ си постигна „ефектен“ автогол со глава, по што Сиваспор поведе со 1:0. Но, Јаховиќ успеа да ја поправи својата грешка во 33 минута кога изедначи на 1:1, а во судиското надополнување од првото полувреме (45+2) прецизно биеше од белата точка за да му донесе предност на неговиот тим од 1:2. Во второто полувреме повторно беше досуден пенал за Гозтепе и повторно прецизно го…

повеќе...

УЕФА Лига на нации: Што претставува и кога ќе започне?

УЕФА подготви ново натпреварување во кое фановите ќе уживаат во најсилните спортски натпревари, додека ние подобро го искористуваме времето во постоечкиот календар на меѓународни натпревари. Освен тоа, ќе се задржи рамнотежата помеѓу натпреварите на репрезентациско и клупско ниво. Во исчекување на УЕФА Лигата на нации!

повеќе...