Нови мачиња во нашето маало

Мачките ги има насекаде низ градот. Нема училиште или градинка во Охрид во чиј двор нема по неколку мачки, па дури и кучиња. Од контејнер на контејнер, од улица на улица… Но, овој пат нема да дискутираме за негативните ефекти и за тоа дека треба да се преземе нешто околку тоа. Малите мачињата знаат и тоа како да бидат мили и неодоливи. Овие мали мачиња и нивната мајка, се сместиле на покрив од детска градинка и чекаат сончевите зраци да допрат до нив и да ги стоплат. Погледнете го видеото: WebOhrid

повеќе...

Дечињата од градинките „Лихнида и „Развигорче“ во посета на ОУ „Христо Узунов“

Поголемата група на деца од градинките „Лихнида“ и „Развигорче“, кои идната година ќе бидат првачиња, денес беа во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид. „Целта е идните првачиња да се прилагодат на условите на училиштето. Тие се запознаа со воспитно – образовниот процес, посетија училници од одделенска настава, спортската сала, училишната библиотека, училишната кујна, директорската канцеларија, како и спортските терени околу училштето, се со цел подобро да се запознаат со новата средина.“ – информираат од училиштето.  Посетата беше организирана во соработка со директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски и директорката на…

повеќе...

Дечињата од градинката „Лихнида“ во посета на езерската полиција

Педесетина деца од детската градинка „Лихнида“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор – Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор – самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ Велгошти го одбележа Денот на шегата

Учениците од прво до шесто одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и најмладите од градинката која е во рамки на училиштето денес го одбележаа 1ви април – Денот на шегата. „Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“ – информираат од училиштето. WebOhrid

повеќе...

Забава за најмладите охриѓанчиња на градскиот плоштад по повод Денот на шегата

По повод 1ви април Денот на шегата, Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид денес организираше забава на градскиот плоштад. Манифестацијата започна со дефиле по градските улици под маски од омилените јунаци од децата. Можеа да се забележат најразлични и интересни маски буба мари, пеперутки, пчели, принцови и принцези, змејови и пирати. „Забавата беше посветена на децата со аутизам со цел да ги развеселиме и интегрираме.“ – велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. На забавата се придружија и децата од Центарот со посебни потреби „Зраци“ од Охрид. WebOhrid

повеќе...

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ја дочекаа пролетта

Традиционално на градскиот плоштад во Охрид се организираше детска забава по повод доаѓањето на пролетта. На манифестацијата учествуваа дечиња од 4-6 годишна возраст од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, кои со дефиле под пролетни маски настапија со неколку музичко – ритмички точки и песнички со содржина за пролетта. WebOhrid

повеќе...

Детската градинка „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник

Со пригодна свеченост, синоќа во Спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник 7 Ноември. На свеченоста дечињата од оваа установа изведоа богата забавна програма и ги потсетија постарите на времињата кога тие биле деца.

повеќе...

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе го одбележат патрониот празник

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, на 7ми ноември (понеделник) со свеченост ќе го одбележат патрониот празник на установата. Свечената приредба ќе се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, со почеток во 18:00 часот.

повеќе...

Општина Охрид и оваа година дел од програмата за„Општинска корисна работа“

Општина Охрид, преку Секторот за ТЛЕР четврта година во континуитет агажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Владата на Македонија и UNDP. Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Општина Охрид оваа година ќе ангажира 5 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со…

повеќе...

Несовесни граѓани го уништуваат имотот на детската градинка „Јасна Ристеска“

Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ги информираат граѓаните, кои бесправно влегуваат, се задржуваат и ги користат дворните површини од објектите на градинката, особено во попладневните и вечерните часови, а притоа прават штета на имотот на градинката од типот кршење на оградите, кршење и уништување на детските игралишта, качување на покривите од објектите, расфрлање на отпадоци од секаков вид во тревниците, корнење и уништување на градините, кршење гранки и корнење на растенија во дворовите посадени и одгледувани од децата, дека прават прекршок. „Последен пат ги молиме сите инволвирани во овие непристојни дејствија, посегање…

повеќе...