Оштетено уште едно возило во Грција

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Р.Грција. Имено, на 12.09.2015 г. на ГП „Богородица“, од страна на лицето К.М. од Штип пријавено е дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му бил oштетен задниот браник така што каде што имал МК налепница истата е одлепена и на 5-6 места со остар предмет му е пробушено возилото – марка „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки. Случајот не бил пријавен во грчката полиција. Ова е единаесетти случај во оваа туристичка сезона каде…

повеќе...

Македонија поразена од Грција на стартот од Евробаскетот 2015

Македонската кошаркарска репрезентација во премиерниот натпревар на Евробаскетот во Загреб доживеа убедлив пораз од фаворитот Грција од 85-65, во првото коло од групата Ц. Црвеножолтите скоро три четвртини иако во негатива имаа активен резулат и беа рамноправен ривал на силниот тим на Грција. Разликата во квалитет сепак дојде до израз посебно во последната делница, по што на крајот заслужено Грците стигнаа до убедлив триумф. Првата четвртина по одличниот старт и водството од 7-1 ја загубивме со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра…

повеќе...

Продолжува серијата земјотреси кај Лерин

Серијата земјотреси продолжува… Денес во 18:01 часот во Охрид повторно беше почувствуван слаб земјотрес. И повторно епицентарот е во близина на Лерин во соседна Грција, овој пат интензитетот изнесуваше 3.5 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри.  Ова е 7-ми земјотрес во рок од 24 часа на истото подрачје, од вкупно 11 во изминатите 7 дена. WebOhrid

повеќе...

Земјотрес ги вознемири охриѓани

Земјотрес кој траеше десетина секунди вечерва ги вознемири охриѓани во 22:42 часот. Земјотресот е со епицентар во Грција, 37 километри јужно од Битола, а неговиот интензитет изнесуваше 4.1 степен според Рихтер, на длабочина од 2 километри. На овој земјотрес, во 22:39 часот му претходеше послаб земјотрес со епицентар во Македонија, 17 километри југозападно од Битола, чиј интензитет изнесуваше 2.6 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid

повеќе...

Нов случај на украдени регистарски таблички во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 24.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на А.В. од Свети Николе, пријавено е дека на 20 или 21.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарска табличка од ПМВ „Ауди“. Ова е трет случај во кој се украдени регистарски таблички, а досега се регистрирани и шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Втор случај на украдени регистерски таблички во Р. Грција

Граничната полиција евидентирала случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 23.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Б.Ј. од Скопје, пријавено е дека на 21.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдена му е предната регистарска табличка од ПМВ „Ауди“. Ова е втор случај во кои сеукрадени регистарски таблички, а досега се регистрирани шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Земјотрес во Грција го разбуди и Охрид

Утрово во Охрид во 06:25 часот беше почувствуван земјотрес. Епицентарот на земјотресот се наоѓа во Грција, 34 километри јужно од Битола, 16 километри западно од Лерин. Неговиот интензитет изнесуваше 4 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid

повеќе...

Украдени македонски регистарски таблички во Пефкохори

Граничната полиција евидентираше е случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 11-ти август. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Г.Б. од Скопје, пријавено е дека на 10-ти август. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарски таблички од ПМВ „Опел Корса“ за што била известена и грчката полиција. Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Нов случај на оштетување возила во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува пет. Имено, на 25.07. (сабота) на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на ПМВ марка „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето С.П. од Куманово. Возилото било оштетено така што е изгребано од двете страни со повлекување линија од предно лево крило, предна и задна лева врата и задно лево крило, предно десно крило, предна и задна десна врата и…

повеќе...

Повторно оштетувања на македонските возила во Грција

Со почетокот на летната сезона, Граничната полиција евидентираше два случаи на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува четири. Имено, на 18.07. (сабота) на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на задното лево стакло, оштетена лајсна и оштетен преден браник со предна лајсна на ПМВ марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. од Скопје и на 19.07. (недела) на ГП „Стар Дојран“, од страна на лицето Т.Д. од Штип, пријавено е скршено лептир…

повеќе...