ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“

Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…

повеќе...

Фотографската изложба „Погледи“ во Охрид

Надоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, Фото Кино Клуб Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Поточно, пренесувајќи ја идеjата дека фотографијата покрај документарните својства, може да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување, кое веќе подолго време во светот а и кај нас се наметнува како посебна уметничка дисциплина. Придржувајќи се до овие начела членовите од Фото Кино Клуб Битола во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид ќе…

повеќе...

„Емигранти“ и „Полицајци“ се одложуваат

Како што информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид / Народен Театар Охрид, театарската претстава „ЕМИГРАНТИ“ Славомир Мрожек во режија Ирена Стеријовска и театарската претстава „ПОЛИЦАЈЦИ“ режија и адаптација Андреј Цветановски се одложуваат (поради настинка на еден од главните актери). Купените влезници ќе важат и ќе можат да се искористат, кога претставите ќе бидат на репертоарот.

повеќе...