Туристи се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во струшки хотел

Вчера околу 09:35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени: Е.Б од Холандија, М.Т и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот „Изгрев“. Истите се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување. Запознати се Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.

повеќе...

Компанијата „Камфуд“ во преговори со познат хотелски бренд за изградба на супер модерен хотел во Охрид

Македонската компанија „Камфуд“ е во напредна фаза во преговорите со еден од најреномираните светски хотелски брендови за изградба на хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридското Езеро. „Она што до овој момент можеме да го кажеме е дека преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Во оваа фаза можеме да потврдиме Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ – најуспешен хотел во 2016 како „Нова туристичка понуда во хотелиерството“

Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“. „Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид. Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец…

повеќе...

Руските туристи со препорака: Посетете го Охрид и хотелот „Аквалина“

Група туристи од Русија престојува во Охрид, односно во хотелот Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан. Гостите беа пречекани со коктел за добредојде организиран од надлежните во хотелот. Во изјава за WebOhrid,  туристичкиот водич, Јулија Самоилова, вели дека за разлика од другите земји кои ги посетиле, туристите се премногу задоволни и од Охрид и од хотелот Аквалина, од односот, гостопримството на хотелот, од изгледот на собите, од организацијата, од храната и начинот како ги дочекаа домаќините.  „Јас веќе по втор пат сум тука, запознаена сум со убавините на Охрид, но првпат…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународна конференција за лансирање

Советот на Европа, во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа – проект iPROCEEDS на таргетирање на казниви дела на интернет во Југоисточна Европа и Турција ќе организира меѓународна конференција за лансирање. Средбата ќе се одржи во Охрид од 13 до 14 јуни, 2016 година. Конференцијата ќе овозможи целосен преглед на националните капацитети и потреби во врска со компјутерскиот криминал, таргетирање на казнивите дела и спречување на перење пари на интернет. Конференцијата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Митко Чавков, Јавниот…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на потегот од нас.Св.Стефан до хотел Гранит

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес, поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од нас. Св.Стефан до хотел Гранит, во период од 09.00ч до 11.00ч. Екипите на МЈП Проаква РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја прославија матурската вечер

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го прославија завршувањето на средното образование. Свеченоста се одржа во хотелот Десарет, а ги забавуваше охридската група Император Бенд. Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа прекрасните момчиња до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура! А.Андриоски

повеќе...

Наплатиле хотелски резервации со платежни картици набавени преку интернет

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицaта: З.Г.(51) поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и В.Г.(27) од Скопје, син на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“, во врска со кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ казниво според Кривичниот Законик на Република Македонија. Пријавените со намера да се стекнат со противправна имотна корист во период од април до јуни минатата година со фалсификување…

повеќе...

Ќе се врши јавен увид за изградба на нов туристички комплекс кај Св.Стефан

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15 и 129/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид О Р Г А Н И З И Р А 1. Јавен увид и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за GP 1…

повеќе...

Хотел „Аквалина“ населба Св.Стефан – Охрид

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени…

повеќе...