Несторовски со два голови го однесе Палермо на врвот од Серија Б

Илија Несторовски постигна два голови за Палермо и му донесе победа на неговиот клуб од 2:0 против Ентела. Првиот гол Несторовски го постигна во 23 минута од пенал, додека пак вториот го постигна во 48 минута од слободен удар од над 20 метри. Во 87 минута од игра излезе Несторовски, а на негово место влезе Александар Трајковски. Со оваа победа Палермо се искачи на врвот од Серија Б, додека пак Несторовски е втор на листата на стрелци со 8 постигнати голови. WebOhrid

повеќе...

Јаховиќ со два нови голови

Јаховиќ повторно стрелец на два голови. Денес, во рамките од турската Супер лига, Гозтепе на домашен терен играше против Аланијаспор. Јаховиќ го отвори резултатот во 41 минута, со што Гозтепе водеше на полувреме со 1:0. Во второто полувреме гостите изедначија на 1:1 во 66 минута. Гозтепе повторно дојде во водство во 72 минута, а Јаховиќ зголеми и на 3:1 во 74 минута. Кога се чинеше дека се е решено, домашните некако се опуштија особено во одбраната и примија два голови во 87 и во 90+2 со што натпреварот заврши без…

повеќе...

Јаховиќ со нови два голови

Довчерашниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ повторно беше стрелец за Гозтепе. Овој пат, тој постигна два голови за Гозтепе на гостувањето против Анталијаспор. Најпрво, Јаховиќ го отвори резултатот откако на противничката одбрана и украде една топка во 8 минута. Вториот гол го постигна во 19 минута по слободен удар, при што топката зафати противнички играч во живиот ѕид, го промени правецот на движење и заврши во мрежата на домашните. Со овие два голови, Јаховиќ е најдобар стрелец во Турската Супер лига со постигнати 9 голови на 8 натпревари. Но, за жал,…

повеќе...

Несторовски постигна два голови, а заработи и два жолти картони

Илија Несторовски постигна два голови во победата на Палермо од 2:1 против Про Верчели. Капитенот на Палермо, Несторовски, најпрво го изедначи резултатот на 1:1 во 25 минута, а во 51 минута го постигна вториот гол и го доведе својот тим во предност од 2:1. Покрај двата голови, Несторовски заработи и два жолти картони, од кои првиот во 72 минута, додека пак вториот во 85 минута што значеше и црвен картон и исклучување за нашиот репрезентативец. По шест одиграни натпревари Несторовски има постигнато 4 голови, а неговиот тим Палермо се наоѓа…

повеќе...

Јаховиќ постигна автогол, но возврати со хет-трик

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ денес успеа да направи подвиг за својот клуб Гозтепе, кој денес забележа значајна победа во гости против Сиваспор. Најпрво, во 16 минута Јаховиќ си постигна „ефектен“ автогол со глава, по што Сиваспор поведе со 1:0. Но, Јаховиќ успеа да ја поправи својата грешка во 33 минута кога изедначи на 1:1, а во судиското надополнување од првото полувреме (45+2) прецизно биеше од белата точка за да му донесе предност на неговиот тим од 1:2. Во второто полувреме повторно беше досуден пенал за Гозтепе и повторно прецизно го…

повеќе...

Нашите интернационалци во голгетерска форма

Езѓан Алиоски го постигна својот прв гол за тимот на Лидс Јунајтед во англискиот шампионат. Денес, неговиот тим гостуваше против Нотингем Форест и успеа да победи со 0:2. Стрелец на вториот гол за Лидс беше токму нашиот репрезентативец Алиоски. Во италијанската Серија Б, Палермо победи со 2:0 против Специја, а стрелци на головите беа нашите репрезентативци Александар Трајковски во 10 минута и Илија Несторовски во 53 минута. Во шпанската Ла Лига, Леванте и Депортиво ла Лоруња одиграа 2:2, а нашиот репрезентативец Барди го постигна својот деби гол за Леванте во…

повеќе...

Трансфер на Енис Барди во Леванте

Енис Барди следната сезона ќе игра за Леванте. Нашиот 22 годишен репрезентативец е играч од средниот ред. Тој направи трансфер од унгарскиот Ујпешт, а пред еден месец настапуваше за младата фудбалска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска. WebOhrid фото:levanteud.com

повеќе...

Никола Ѓорѓев позајмен во Твенте

Никола Ѓорѓев следната сезона ќе игра за холандскиот клуб Твенте. Тој ќе настапува како позајмен играч во наредните две сезони со опција за откупување на неговиот договор. „Ова за мене претставува еден прекрасен нов чекор. Добивам шанса да играм во поголема лига. Подготвен сум!“ – истакна Ѓорѓев за официјалната веб-страна на Твенте. Од Твенте велат дека Никола е талентиран играч кој го избрале и дека ќе треба да работи напорно за да го развие својот талент. Имено, Никола Ѓорѓев е Македонец роден во Швајцарија. Тој помина преку младинската школа на Грасхоперс…

повеќе...

Јаховиќ во форма

Адис Јаховиќ постигна два голови во натпреварот кој неговиот клуб Гозтепе го доби со 3:2 против Адана. Ова не беше само дуел на Гозтепе против Адана, туку и дуел помеѓу двајцата најдобри стрелци во лигата, Микаел Поте и нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ. На само 5 кола до крајот од првенството Поте има постигнато 21 гол, додека пак Јаховиќ има постигнато 18 голови. Имено, Јаховиќ важи за еден од нашите најдобри голгетери. И покрај тоа што не беше повикан за Македонската репрезентација во неколкуте последни репрезентативни дуели, Јаховиќ постојано е во голгетерска…

повеќе...

Хет-трик на Несторовски – најдобриот стрелец во хрватската лига оваа сезона

Илија Несторовски постигна хет-трик за Интер Запрешиќ во победата од 4:2 против тимот на Осиек. Најпрво, тој го отвори резултатот од пенал во 40 минута, во 51 минута ја зголеми предноста за својот клуб на 2:0, а во 85 минута повторно од пенал му донесе предност од 3:2 на Интер Запрешиќ. На крајот, неговиот клуб успеа да го зголеми резултатот на 4:2. Илија Несторовски е најдобар стрелец оваа сезона во Хрватската Прва Лига со вкупно 25 голови, пред уште еден наш интернационалец – Музафер Ејупи кој е втор на листата на…

повеќе...