Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија

Големиот талент и фудбалер во првиот тим на швајцарски Грасхоперс, Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија. Младиот офанзивен фудбалер Никола Ѓорѓев е роден на 22. август 1997 година во Баден, Швајцарија и досега настапуваше за младинските селекции на земјата во која е роден. По разговорите кои претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и стручниот штаб во А репрезентацијата ги водеа со Ѓорѓев и неговите родители, младиот фудбалер реши да го промени спортскиот пасош и да настапува за Македонија. „Среќен сум што ќе имам можност да бидам…

повеќе...

Јакимовски останува во Серија Б

Никола Јакимовски ќе го продолжи остатокот од оваа сезона во Серија Б, но не во последнопласираниот Комо, туку во Бари кој е на 4 место и се бори за промоција во Серија А. Ова е трет клуб за Јакимовски во Серија Б. Минатата полусезона тој беше член на Варезе, а во есенскиот дел од оваа сезоната беше член на Комо каде одигра 14 натпревари.  WebOhrid  

повеќе...

Давид Бабунски потпиша за Црвена Звезда

Давид Бабунски и официјално стана член на Црвена Звезда. Тој во Звезда дојде како слободен играч и потпиша две и пол годишен договор. Претходно 21-годишниот Бабунски играше за младинските категории на Барселона. WebOhrid

повеќе...

Гол на Трајковски за убедлива победа за Палермо

Александар Трајковски постигна гол за Палермо со што го постави конечниот резултат 4:1 за победа на Палермо против Удинезе. Трајковски влезе во игра во 86 минута, а веќе во следната акција во 87 минута успеа да постигне погодок. Ова е вкупно трет гол на Трајковски за Палермо, од кои 2 во Лигата и 1 во Купот на Италија. WebOhrid / фото: palermocalcio.it

повеќе...

Тричковски позајмен во АЕК Ларнака

Иван Тричковски повторно се врати на Кипар, но овој пат во тимот на АЕК Ларнака. Тој е член на полскиот клуб Легија Варшава, а во АЕК ќе настапува како позајмен играч до крајот на оваа сезона. Пред само два дена, АЕК Ларнака потпиша договор со уште еден наш интернационалец, дефанзивецот Даниел Мојсов. АЕК Ларнака се наоѓа на врвот на табелата од Првата дивизија во Кипар со 45 бодови пред Анортозис со 42 и АПОЕЛ со 41 бод. WebOhrid

повеќе...

Гол првенец на Трајковски за Палермо

Александар Трајковски го постигна својот гол првенец во дресот на италијанскиот калчолигаш Палермо. Во натпреварот од Италијанскиот Куп, Палермо на домашен терен го пречека нисколигашот Алесандриа. Трајковски постигна гол во 55 минута од натпреварот и во тој момент го намали резултатот на 1:2. Палермо прими уште еден гол, веднаш потоа неговиот тим повторно намали, но до крајот на натпреварот не успеа и да го изедначи резултатот, загуби со 2:3 со што беше елиминиран од „Копа Италија“. Во осминафиналето Алесандриа ќе игра против тимот на Горан Пандев, Џенова. WebOhrid / фото: palermocalcio.it

повеќе...

Јаховиќ се враќа во форма

Адис Јаховиќ се враќа во неговата добро препознатлива форма. По долгата повреда, тој денес постигна два голови за тимот на Крилја Советов на гостувањето против лидерот во Руската Премиер Лига, тимот на ЦСКА Москва, на чиј гол брани најдобриот руски голман, Игор Акинфеев. Првиот гол за Крилја Советов, Јаховиќ го постигна во 52 минута, додека пак вториот во 66 минута. На крајот, головите на Јаховиќ беа клучни за конечниот резултат на овој натпревар, ЦСКА Москва 0:2 Крилја Советов. Тимот на Крилја Советов се наоѓа на 10 место во најсилната лига во Русија.…

повеќе...

Горан Пандев поради повреда го пропушта пријателскиот натпревар против Црна Гора

Горан Пандев, ѕвездата на македонската репрезентација и Џенова поради лекарски испитувања и медицински третман нема да пристигне на собирот на А репрезентацијата на Македонија спроти пријателскиот натпревар против Црна Гора кој го играме на 12. Ноември во Скопје. „Жал ми е што нема да можам да пристигнам на собирот на репрезентацијата иако тоа го најавив по разговорот со селекторот Ангеловски пред две недели во Џенова. Повредите се составен дел од фудбалот, а во овој период се опоравувам од повреда на задната ложа. Во понеделник во Милано заминувам на снимање со…

повеќе...

Трајковски и Пандев „се пресметаа“

Александар Трајковски и Горан Пандев играа еден против друг, односно нивните тимови Палермо и Џенова се сретнаа во првото коло од Италијанската Серија А. И за двајцата наши интернационалци ова беше прв официјален настап за својот тим. Горан Пандев го одигра целиот натпревар, додека пак Александар Трајковски влезе во игра во 33 минута. И двајцата имаа свои шанси за погодок, а на крајот победа славеше Трајковски со Палермо, откако во судиското надополнување од натпреварот тимот на Палермо успеа да постигне погодок и да ја започне новата сезона со 3 бодови.…

повеќе...

Пандев потпиша со Џенова

Горан Пандев се врати во Италија и потпиша договор со тимот на Џенова. Пандев минатата сезона играше за Галатасарај во Турција, а по завршувањето на договорот, како слободен играч тој повторно се враќа во Италија каде играше од 2001 година во Специја, Анкона, Лацио, Интер и Наполи. Горан Пандев е најтрофејниот македонски фудбалер. Тој има 1 трофеј во Серија А, 5 трофеи од Купот на Италија, 2 трофеи од Супер Купот на Италија, 1 трофеј од Лига на шампиони, 1 трофеј од Светскиот клупски Куп, 1 трофеј од Турската Супер…

повеќе...