НБРМ повторно укажува за ризиците од вложувањата во дигиталните (крипто) валути

Народната банка на Република Македонија неколку пати досега ѝ укажа на јавноста да биде внимателна во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Директен повод за денешното соопштение на Народната банка е објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Во оваа прилика, Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто…

повеќе...

Трет годишен состанок на Дијалогoт на Југоисточна Европа за Управување со интернетот

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 25 мај (четврток), ќе се обрати на отворањето на третиот годишен состанок на Дијалогoт на Југоисточна Европа за Управување со интернетот (SEEDIG -South Eastern European Dialogue on Internet Governance), кој ќе се одржи во хотел „Метропол” во Охрид, Република Македонија со почеток во 9 часот.

повеќе...

Основци од „Григор Прличев“ учеа за безбедно користење на интернетот

Учениците од шесто одделение од ОУ „Григор Прличев“ денес го посетија Интернет кафето INSIDE, каде имаа можност да научат нови работи за заштитата и безбедното користење на интернетот. Интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства. Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи…

повеќе...

Интернет кафе „Inside“ издаде брошура за заштита на младите на интернет

Како дел од активностите за прослава на 18-тиот роденден, Inside Интернет кафе издаде брошура за заштита на младите на интернет „Сурфај безбедно“. „Интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства. Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи за голем дел од нив интернетот…

повеќе...

WebOhrid е номиниран во три категории за „Сајт на годината 2016“

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами…

повеќе...

Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути

По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…

повеќе...

„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016. Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши: – Пратење на современите трендови за електронско плаќање, – заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид, – избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри, – придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само…

повеќе...

АЕК ќе избира оператор што ќе обезбеди интернет во руралните места

Околу 10.000 домаќинства од рурални и најмалку населени места првпат ќе добијат пристап до интернет во рамки на универзалната услуга од оператор што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да го избере на тендер до крајот на годинава. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, појасни дека станува збор за домаќинства во населени еста за кои операторите немаа комерцијален интерес да инвестираат и да обезбедат пристап и пренос на податоци за да се обезбеди ефикасен пристап до интернет. „Сега треба да добијат можност да се поврзат на интернет преку некоја фиксна или…

повеќе...

Потрошувачите недоволно информирани за ризиците во е-трговијата

Организацијата на потрошувачите на Македонија денес во Охрид одржа трибина, на која ги информираше потрошувачите од општина Охрид за ризиците кои што постојат во е-трговијата, односно купување на производи преку интернет, на што треба да внимаваат, каде да се обратат доколку се оштетени од одредени услуги и сл. „Ова е сфера која што и кај нас доживува подем во последните години, достапни се се повеќе производи и услуги што се нудат преку интернет достапни се и се повеќе домашни електронски продавници и со тоа нормално расте и бројот на проблемите со…

повеќе...

Македонците се наоѓаат во PayPal заблуда

Поминаа точно две години откако PayPal „пристигна“ во Македонија. Но, дали овој сервис функционира за Македонците!? Да, доколку сакате да ставите пари од вашата картичка и да купувате или плаќате на интернет. Не функционира, доколку работите нешто преку интернет и сте заработиле одредена сума на пари кои сакате да ви бидат исплатени на вашата PayPal сметка, или пак доколку некој друг сака да ви префрли средства од негова сметка. На тоа прашање, WebOhrid побара детално објаснение од страна на PayPal. WebOhrid: Дали Македонците не можат да примаат средства на своите PayPal…

повеќе...