При контрола во струшки интернет клуб пронајдена марихуана

Вчера во 18.20 часот во Струга, во интернет клуб, лоциран на ул. „Наум Лика“, при извршен преглед од страна на полициски службеници од Струга кај Е.Р.(27) од Струга во џебот од панталоните пронајдена е непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 1 грам, и Ч.А.(20) од Поградец- Р.Албанија, во џебот од палтото пронајдена е една најлонска паковка со непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 2 грама. Предметите се одземени, а лицата приведени за понатамошна постапка.

повеќе...

Три години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 3 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...

Онлајн албум со самолепливи сликички

Албумите со самолепливи сликички секогаш се актуелни. Во овој период, во екот на Лигата на шампиони, но и пред Светските и Европските фудбалски првенства, најактуелни се сликичките со фудбалери. Во ерата на компјутерите и интернетот, веќе години наназад актуелни се и дигиталните албуми. По двата онлајн албуми од италијанскиот „PANINI“, оваа година за официјалниот албум од Лигата на шампиони е задолжен американскиот „TOPPS“, односно нивната подружница во Англија. Во овој албум Македонија е под нејзиното уставно име, додека пак единствениот Македонец во овој албум е Аријан Адеми, кој за жал, пред…

повеќе...

Гласајте за WebOhrid за најдобар сајт за 2015 година

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2015 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2015 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Вашата поддршка може да ни ја дадете на следниот  → линк ←. Најдобрите веб сајтови за 2015 ќе се прогласат на 14-ти декември 2015 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Сајт на годината е манифестација…

повеќе...

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби софтвер за брзо, ефикасно и безбедно прибирање и обработка на податоци

Зголемена ефикасност во работењето, брзо, безбедно и лесно прилагодливо управување со податоци, во функција на поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран во соработка со ДУНА компјутери. Системот ULTIMA® CRM, преставува унифициран и интероперабилен систем, прилагоден на потребите на АЦВ, во функција на прибирање и користење на хетерогените податоци на инспекторите од терен и…

повеќе...

Интернет најмногу користат учениците и студентите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, 69.4% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за еден процентен поен повеќе во споредба со истиот период од 2014 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 67.7% во 2014 година, на 69.0% во 2015 година.  Речиси сите (99.5%) од домаќинствата со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Во првото тримесечје од 2015 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74…

повеќе...

Половина од домашните компании користат социјални мрежи да се промовираат

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59.1% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop, smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 11.4% од вработените во деловните субјекти. Половината (49.8%) од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно…

повеќе...

Интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка

Плаќајте даноци преку интернет со вашата Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка. Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk. Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите зазадоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед иплаќање на вашите даночни долгови за Персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса. Новата електронска услуга на УЈП „е-Плаќање на даноци“овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање наПерсонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса собезготовинска картичка…

повеќе...

T-Home и T-Mobile продолжуваат под еден бренд – Телеком

Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд – брендот Телеком. Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат. Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници. Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда – Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње. Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на…

повеќе...

Концертот на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Елена Митревска а во рамките на фестивалот „Охридско лето“,ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет. Лајв стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали а Охридско лето ја воведе ваквата практика…

повеќе...