Во Охрид одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и делегации на политичките партии и невладините организации, по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес положија свежо цвеќе на спомен обележјата во Градскиот парк. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба

По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои: „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа…

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на стреланите жители во Велгошти

Попладнево во селото Велгошти им беше оддадена почит на стреланите жители од с. Велгошти, охридско  во 1913 година. Пред спомен обележјето, свежо цвеќе положија претставници од Општина Охрид, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти, претставници од МЗ Велгошти, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, претставници од Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров Ресен“ како и претставници на Македонското патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид. „На 7ми септември се собрале сите велгоштани, пред тоа бил направен пустош од страна на Српската жандармерија по задушувањето на Охридското востание, после тоа жандармеријата ги собрала сите мажи и жени во црквата Св.Климент. Потоа ги одделиле мажите од…

повеќе...

ФФМ положи цвеќе на споменикот со првата топка по повод Денот на македонскиот фудбал

На денешен ден, 9 април, пред точно 108 години во Скопје се одиграл првиот официјален фудбалски натревар на територијата на Македонија. По повод одбележувањето на 9 април – Денот на македонскиот фудбал, претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар Филип Поповски, наши фудбалски великани и фудбалски хроничари положија свежо цвеќе пред споменикот со првата фудбалска топка. На денешното скромно одбележување на денот на првиот натпревар кратко предавање за историјата на нашиот фудбал пред младите фудбалери од Академијата на ФФМ одржа Ивко Панговски. Во 1909…

повеќе...

71 година слободен Охрид

Со синоќешниот седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“ и со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ, започнаа чествувањата посветени на утрешниот празник, 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор и неговите сојузници. Централниот свечен настан којшто го организираа општина Охрид и ОО на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца се одржа денес во големата сала на општината, а пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Почитувани учесници во Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија, почитувани членови н1а…

повеќе...

ВМРО-НП со честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба

ВМРО – Народна партија упатува честитки до сите граѓани по повод Денот на Македонската револуционерна борба. „Она што предците се избориле за ние да го живееме денес, не смее да биде заборавено и запоставено. Нивната борба за слобода и нивниот придонес за нашата татковина треба да бидат патоказ и пример за борбеност на еден народ. Придонесот на оние кои ни овозможија да ја живееме сегашноста никогаш нема да биде заборавен. Иако со многу тешкотии, и денес мораме да го продолжиме патот кој тие го започнале. Борбата за слобода продолжува!“ –…

повеќе...

11-ти октомври – Денот на востанието на Република Македонија

Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на…

повеќе...

Одбележана годишнината од смртта на Цар Самоил

По повод годишнината од смртта на Цар Самоил, денес на Самоиловите тврдини се одржа историски час на кој присуствуваа членовите на историските секции од основните училишта. На историскиот час предаваше кустос од НУ „Завод и музеј“, кој подетално ги запозна учениците со историски факти за Самоиловото царство. Ова претставува добра практика која ја воспостави Локалната самоуправа за подобро запознавање на учениците со значајните историски личности за градот.

повеќе...

Одбележани 72 години од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ од Коњско

Делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борци-Охрид положи свежо цвеќе на спомен плочата во Коњско, со што се одбележани 72 години од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ од с.Коњско. На одбележувањето присуствуваа учениците и наставниците од училиштето како и жители од населбата. Историски час на учениците им одржа потпретседателот на ОО на СБ-Охрид Никола Стефаноски. WebOhrid

повеќе...

ОО на СДСМ го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод одбележувањето на 9-ти Мај, Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегација од Социјалдемократската младина од Охрид положи свежо цвеќе на спомениците на славните охриѓани, учесници во виорот на Народноослободителната борба, што ги положија или посветија своите животи за слободата на Македонија. На покана од Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија и на граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца, по повод одбележувањето на 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегации од ОО на СДСМ…

повеќе...