Курајчки карневал 2017

Заврши уште едно успешно 19 то издание на традиционалниот василичарски карневал во Куратица. На 13 ти започна василичарската поворка во посета на сите домови во Куратица се до утринските часови кои беа послужени од домаќините. На 14 ти заврши финалната прослава која започна со групата Форум и Туше, по што следување дефилето на маските и беа избрани најдобрите детски и возрасни маски : Детски 1. Курајчки зет 2. Курајчки шеик 3. Курајчани во вселената Возрасни 1. Весели тутунари 2. Куратица во 21 ви век (легализација на тревката) 3. Политика во…

повеќе...

Уште едно издание на Вевчанскиот карневал-една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата

Општина Вевчани денеска ја презентираше програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата. На презентацијата на програмата учествуваа дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание, заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар. Вевчанци секоја година ја негуваат традицијата која трае со векови, и се маскираат на Василица. Годинава, продукцијата “Пасворд” е организатор на музичкиот и…

повеќе...

Заев: Струмица ја продолжува вековната традиција на струмичкиот карневал

Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Струмица ја продолжува вековната традиција, секако и 25 години организирана форма на струмичкиот карневал. Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште “Боро Џони” и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации. Вечерва е познатиот стримички маскембал, каде што цела Македонија преку вас медиумите, ќе може да ги види прекрасните креации на струмичани, кои со многу труд, многу љубов, ја негуваат традицијата којашто потекнува од нашите поколенија. Секако тримерските обичаи се…

повеќе...

Курајчки карневал 2016

Заврши уште една успешна полнолетна 18 та по ред приказна на Курајчкиот карневал на кој можеа да се видат интересни маски и дружење. Меѓу најинтересните кои оставија впечаток од детските маски , „Курајчки маж“ го освои третото место, „Војо дојде –врзете ги загарите“ второ место и „Курајчки изум“ го освои првото место. Од возрасните „Курајчкиот функционер“ доби четврто место, исмејувањето на звезде гранда остави посебен впечаток кај публиката маската „Звезде гранда –Курајчка пебачица“ го освои трето место, маската „Зошто во Прилеп мајмун не игра“ гостите од Прилеп го освоија второто…

повеќе...

Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија

Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија. Ние не сме свесни што значи карневалот, кој има традиција од скоро 15 века. Министерството за култура го препознава овој бренд и во иднина ќе се трудиме да го промовираме и да биде препознатлив секаде во светот, истакна заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Пред почетокот на василичарското дефиле со маски, тој потсети дека минатата година BBC го прогласи Вевчанскиотза најдобриот пагански карневал во светот и повика да не им се забележува на василичарите за изборот на маските. „Вевчанскиот карневал е театар на отворено,…

повеќе...

Вевчански карневал е подготвен за големата и уникатна василичарската прослава

Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот Василица, познат и како Стара нова година, во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Годинава во рамки на оваа манифестација која ќе се одвива сѐ до 14ти јануари, повторно нѐ очекува еден од најстарите фестивали под маски, надополнет со атрактивната и богата дводневна музичка програма. Музичката програма на ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2016 започнува вечерва (вторник, 12 јануари), а ќе се одржува и утре (среда, 13 јануари) со посебно подготвениот дочек на Старата нова година, кој…

повеќе...

Програма за Курајчки Карневал 2016

Програма за Курајчки Карневал 2016 13 ти Јануари – 18:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства -Околу 04:00 часот завршување со посета на сите домаќинства 14 ти Јануари -14 часот делење ва традиционалната храна (варејнца)и пијалок за сите кои не би можеле да учествуваат на завршната церемонија, поконкретно за старите лица. – 18:00 часот, почеток на завршното василичарско празнување, со Група Маестрал – Околу 22:30 часот прогласување на најдобрите маски, проследено со огномет. – Околу 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.

повеќе...

Со богата музичка програма Вевчански карневал е подготвен за своето ново издание

Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот „Василица“ во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Оваа година богатата програма на оваа манифестација започнува од 10ти јануари и ќе се одвива сѐ до 14ти јануари, а во рамки на оваа програма еден од најстарите фестивали под маски, ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ подготвува и атрактивна музичка програма за дочек на Старата Нова година, кој ќе биде одбележан и со голем огномет. Музичката програма на ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ годинава ќе се одвива два дена, на 12ти и…

повеќе...

Основци од „Григор Прличев“ учествуваа на карневалот во Прилеп

Учениците од германската паралелка од V одделение при ОУ „Григор Прличев“ заедно со професорките по германски јазик Моника Сасанска и Ивана Маховска учествуваа на карневалот во Прилеп. „Нивните креативни идеи беа реализирани благодарение на Гете-Институт и помошта и соработката на родителите. Учесниците на карневалот среќни што се дел од целата манифестација, уживаа во секој момент и достојно го претставија нашето училиште.“- велат од училиштето.

повеќе...

Канческа-Милеска утре во Општина Вевчани

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре ќе престојува во општина Вевчани каде во 14 часот ќе се обрати на отворањето на Вевчанскиот карневал, кој се одржува под покровителство на Министерството за култура. Претходно, во 13 часот, министерката Канческа-Милевска во центарот на Вевчани, заедно со градоначалникот Цветомир Угриновски ќе го пуштат во употреба монтажниот објект наменет за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.

повеќе...