Притворен албански државјанин поради фалсификување исправа

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, Секторот за гранични работи-регионален центар Запад, поднесе кривична пријава против А.Л. (23) од Елбасан Република Албанија. Него му е одредена мерка притвор. Пријавениот, на 15-ти јуни оваа година, се обидел, неисправна лична карта да употреби како вистинска и да ја искористи за излез и непречено преминување на државната граница на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид. Настанот се случил во 14 часот и 30 минути кога, пријавениот со авионот на комппанијата Виззер, сакал од Охрид да патува за Лутон–Англија приложувајќи…

повеќе...

Стартува патувањето во Косово само со лична карта

„Одбележувањето на овој значаен настан за двете држави, јасно ја истакнува добро воспоставената и институционализирана билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.“ Ова меѓу другото денес на ГП “Блаце“ го истакна заменик министерот на МВР д-р Агим Нухиу по повод стапувањето на сила на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, настан на кој присуствуваше и заменик министерот за внатрешни работи на косовската полиција Валдет Хоџа. Како што нагласи заменик министерот Нухиу – “поаѓајќи…

повеќе...

Груевски: Меѓународната заедница одблиску да го следи процесот за фалсификуваните лични карти

Премиерот Никола Груевски денеска ја повика меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации по што ќе се произнесе во јавноста. „Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретнен коментар затоа што очекувам во наредните час – два да добијам уште повеќе информации по кои ќе се произнесам во јавноста. Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и во…

повеќе...

Лични карти ќе се издаваат и денеска

Лични карти ќе се издаваат и денеска. Граѓаните кои аплицирале во сабота или некои од претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат денес, бидејќи ќе работат сите управни служби од 07:00 до 19:00 часот. Со ова е овозможено граѓаните кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на Избирачкиот список и сакаат да излезат на гласање, да извадат документи и да гласаат.

повеќе...

Управните служби на МВР ќе работат и викендот

Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот, односно во сабота (26.04) низ цела република ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 08,30 часот до 16,30 часот. Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27.04), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите Управни служби од 07.00 часот до 19.00 часот, но само за издавање документи.

повеќе...

Управните служби ќе работат на издавање лични карти и пасоши

МВР ги информира граѓаните дека Управните служби при МВР на територијата на цела држава, утре (сабота  – 29.03) ќе работат на издавање на лични документи – лични карти и патни исправи, во периодот од 08,00 до 20,00 часот.

повеќе...

Македонија е веќе на картата на странските инвеститори

Македонија е веќе позиционирана на мапата на странски инвеститори. Оваа година во земјата ќе влезат најмалку 20 нови компании кои ќе отворат нови работни места, изјави премиерот Никола Груевски. „Во новогодишното обраќање истакнав дека очекувањата се дека најмалку 20 нови компании треба да отворат фабрики оваа година. Голем број компании веќе ги објавија своите инвестиции, а има и други најави. Со дел од компаниите разговорите се во завршна фаза и тие наскоро ќе ги објават своите инвестиции,“ рече Груевски во интервјуто за телевизија Сител. Потсети дека германската Макард објави инвестиција…

повеќе...

Евиденциите од МВР се предадени на ДИК, издадени 1.934.323 лични карти

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска имаше координација со надлежните од управните служби во пресрет на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори, а со оглед на тоа што се појавува ситуација кога на истиот ден за гласање граѓаните ќе ги има на два избирачки списоци, кои во одредени делови може и да се разликуваат заради различниот датум на пресек. Во таа смисла, нагласи Јанкулоска, на денешната средба била информирана дека евиденциите на начин како што тоа го бараат законските прописи, со пресечен момент согласно Изборниот законик, се веќе доставени…

повеќе...

Се уште нема договор за патување со лична карта на Косово од март

Министерството за внатрешни работи апелира медиумите да не ги доведуваат во заблуда граѓаните, објавувајќи непроверени информации дека – „Во Косово од март само со лична карта“. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството. Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на РМ, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено.

повеќе...