Прослава со Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, синоќа во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид беше организирана прослава збогатена со музика. Овој пат присутните верници од Коњско, Охрид и околните места ги забавуваше фолк пејачот Спасен Силјаноски. Денес во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. За многу години празникот! Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид,…

повеќе...

Празникот Св.Недела ќе се одбележи во црквата посветена на оваа маченичка во Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (среда), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид Црковниот одбор од с.Коњско организира прослава збогатена со музика. Овој пат присутните ќе ги забавува фолк пејачот Спасен Силјаноски. Забавата е со почеток во 21 часот. На 20ти јули (четврток) во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. Се повикуваат сите верници од Коњско, Охрид и околните места, па и пошироко на заедничко прославување на овој празник.…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето од хотел Метропол до Пештани

ОД МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект на главна водоводна линија, пукната цефка ф 300 мм, има прекин во водоснабдувањето на потегот од Хотел Метропол до Пештани. Прекинот ќе трае се до отсранување на дефектот.

повеќе...

Се расчистуваа патиштата во Коњско и патот кон плажите кај Рача

Акцијата за расчистување на локални патишта по налог на Комуналната инспекција продолжува. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани за расчистување на неколку улици во с. Коњско. „Беше отстранета вегетацијата од гранки од дрвја, трње и диви жбунови со цел да се овозможи подобра прегледност на возилата кои циркулираат на тој дел. Денес акцијата продолжи и во нас. Рача, на патот кој води спрема плажите (наспроти вилата „Александар”).“ – велат од претпријатието.

повеќе...

Депонија никна близу Конгресниот Центар

Несовесни граѓани неуредно депонираa отпад кај Конгресниот Центар во Охрид, с.Коњско, кој е лоциран на една од најатрактивните локации на крајбрежјето на Охридското Езеро. Како што може да се види од фотографиите кои ни ги испрати наш читател, отпадот е расфрлан на сите страни, само не во контејнерите.

повеќе...

Јавен увид и јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД ГП1 на КП бр.2440/3 КО Коњско

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 51/11, 123/12 , 93/13,42/14,44/15,129/15 и39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид О Р Г А Н И З И Р А 1. Јавен увид и јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД ГП 1 на КП бр. 2440/3…

повеќе...

Кирил Младеноски е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу 20-мината скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше осумнаесет годишниот Кирил Младеноски. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid / Фото: Боки Наумоски

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ во Коњско и Трпејца

Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” во текот на вчерашниот ден, како и денес покрај редовните активности во градот беа ангажирани на косење и расчистување во селата Коњско и Трпејца на зараснатите тревни површини кои ја намалуваа прегледноста на улиците и пешачките зони, информираат од претпријатието.

повеќе...

Дел од Коњско доби нов асфалт и нова водоводна линија

Дел од куќите во с.Коњско, Охрид кои во минатото имаа проблем со водоснабдувањето, како и со неасфалтирана улица денес добија нова водоводна линија и нов асфалт. Со поставувањето на новата водоводна линија и асфалтот на оваа улица, ќе се надминат проблемите на жителите кои што живеат на овој дел од с.Коњско. WebOhrid

повеќе...