Приклучување кон новата водоводна линија во населба „Исток“

Во состав на проектите финансирани од Општина Охрид, проектот за реконструкција на водоводната линија во Населба Исток е во завршна фаза. Со реконструкцијата извршена е замена на постоечките цефки со профил ф 63мм со нови со профил од 90мм во должина од 75 метри. Според предвидениот план започна и реконструкцијата на водоводната линија на Улица „Андон Дуков“ во Населба Кошишта каде е предвидена замена на старата водоводна линија со нова која ќе биде од полиетиленски материјал со профил од 63мм во должина од 200метри. Со овие проекти ќе се подобри…

повеќе...

Петар Нически е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу повеќето скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше Петар Нически. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid

повеќе...

Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро

Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро. Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото. На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради…

повеќе...

Трактор преполн со отпад излета во провалија во Коњско

Денес околу 11:00 часот во охридското село Долно Коњско, на удолницата веднаш до училиштето „Св.Наум Охридски“, трактор од „Охридски Комуналец“ со преполна приколка отпад заврши во провалија, а притоа „скина“ и една бандера. За среќа, учениците беа на час. На лице место пристигна амбулантно возило, а возачот иако без видни повреди, превентивно беше пренесен на понатамошни лекарски прегледи. Нешто по 15 часот, тракторот беше извлечен од провалијата, а бандерата беше прицврстена со бетонска подлога. WebOhrid

повеќе...

Одбележан почетокот на учебната година во ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани

Со свечена приредба која ја подготвија учениците и наставниците во ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани се одбележа почетокот на новата учебна 2015/2016 година. Учебната година највозбудено ја дочекаа околу 20 првооделенчиња. Учениците добија нови униформи. Директорот на училиштето, Илија Стојаноски ги посети подрачните училишта и на сите ученици им посака добар почеток. Со среќа првачиња! WebOhrid

повеќе...

Ќе се служи литургија во црквата „Света Недела“ во Долно Коњско

По повод една година од осветувањето на Црквата „Св.Недела“ во Долно Коњско, утре (недела) ќе се служи Света божествена литургија. Литургијата ќе се служи со почеток во 7:30 часот, а ќе чиноначалстува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. Инаку,  црквата „Света Недела“,  беше осветена на 13-ти јули минатата година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден. WebOhrid

повеќе...

Во тек е фрескописот на храмот „Св.Мино“ во Горно Коњско

Во тек е фрескописот на храмот „Св.Мино“ во охридското село Горно Коњско. Финансиските средства за оваа намена се обезедени од локалното население. „Хрaмoт „Св.Минo“ вo Горно Кoњскo кaкo мoлитвен дoм oстaнa дa сведoчи зa жителите нa Кoњскo кoи дo 1985/6 година го нaпуштијa Горно Кoњскo и се преселијa вo Долно Кoњскo. Нo, кaкo вистински верници не гo зaбoрaвија нивниoт мoлитвен дoм вo кoгo се крстени и венчaни. Денес верниците oд Долно Кoњскo дoнирaaт зa истoимениoт хрaм зa дa биде целoснo фрескoписaн. Според средствата ќе биде и динамиката на работата. Секoј дoбрoнaмерник…

повеќе...

Вкусете ја најдобрата храна: „Кај Мече“

Две години хит на охридската ривиера гостилница „Мече“. Место за уживање, скара за гурмани, тераса со рајски панорамски поглед кон Свети Наум и кон западното крајбрежје! Дојдете да се почувствувате господски со вниманието на персоналот на „Мече“! Порачајте и вкусете нешто деликатесно од кујната на врвните мајстори на национални и роднокрајни јадења! Бидете добредојдени! Организирајте ручек со семејството или со пријателите и забележете уште еден незаборав крај Охридското Езеро, во населбата Долно Коњско на само 200 метри пред хотелите Метропол и Белви! WebOhrid

повеќе...

Одбележани 72 години од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ од Коњско

Делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борци-Охрид положи свежо цвеќе на спомен плочата во Коњско, со што се одбележани 72 години од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ од с.Коњско. На одбележувањето присуствуваа учениците и наставниците од училиштето како и жители од населбата. Историски час на учениците им одржа потпретседателот на ОО на СБ-Охрид Никола Стефаноски. WebOhrid

повеќе...

Никола Цветкоски е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу повеќето скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше дваесет годишниот Никола Цветкоски.  Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Инаку, годинава за првпат, фрлањето се одржа пред црквата Света Недела во Долно Коњско. WebOhrid

повеќе...