Поставени нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите се поставени на потегот од црквата Св. Никола Геракомија, на паркингот кај Балкански фестивал, по ул. „Илинденска“ и кај Самуиловата тврдина. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” го расчистуваа патот за с.Велестово, на потегот од бензинската на „Макпетрол” кај „Бијланини извори”, до с.Велестово, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието. Денес, поради одржувањето на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од…

повеќе...

Нови корпи за ситен отпад во Пештани

Во Пештани екипите на „Охридски Комуналец“ поставија нови корпи за ситен отпад по новото шеталиште, а постоечките корпи со најлон-кеси кои се наоѓаа во близина на детското игралиште и централниот дел од селото се заменија со нови метални корпи. Во Пештани, во текот на туристичката сезона Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ има поставено дежурни комунални работници кои ја одржуваат хигиента на јавно-прометните површини и на плажата.

повеќе...

Во тек е акцијата „Корпа за секоја улица“

Во рамките на одржувањето на јавната чистота, J.П. „Охридски Комуналец“ во 2013 год. спроведува широка акција „Корпа на секоја улица“ со која се поставуваат 100 корпи за ситен отпад на целата територија на општина Охрид. Согласно Програмата за работа за 2013 год. се врши празнење на корпи за отпадоци поставени на јавни сообраќајни површини според зацртана динамика и во зависност од лоцирањето, односно од обемот на полнењето на истите. За успешноста во оваа акција треба да допринесеме СИТЕ, затоа што сите сакаме да живееме во чист и уреден град. Затоа…

повеќе...