Уште едно успешно организирано кошаркарско првенство во Скопје

Македонската кошаркарска федерација кон крајот на минатата календарска година одново ја доби довербата на ФИБА да организира едно првенство во Република Македонија. Овој пат тоа беше првенството за кошаркарки до 16 години, дивизија Б на кое и наша селекција зема учество. Одбрани беа спортските центри „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“ за одигрување на натпреарите, како од групната фаза, така и од нокаут фазата, но и од разигрувањето за пласман. Натпреварите непречено се одигруваа почнувајќи од 17. август, па сè до 26. август. Сите кошаркарки демонстрираа енергично се бореа до последниот…

повеќе...

Кошаркарите не ги минаа претквалификациите

Македонската сениорска репрезентација не успеа да ги мине претквалификациите за Светското првенство 2019 откако во последниот натпревар во рамки на групната фаза Косово ја совлада Естонија. Со тоа, нашата селекција е третопласирана во групата Ц, зад првопласираната Естонија и Косово и не обезбедува пласман во квалификациите за СП. Ждребот за последните осум места во групите за квалификациите за СП2019 ќе биде одржан в четврток (24. август).

повеќе...

Кошаркарите поразени од Естонија

Нашата сениорска репрезентација запиша нов пораз во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019. Од гостувањето во Естонија, сениорите се враќаат со пораз од 74-65 (16-18, 25-23, 13-14, 20-10) со кој и дефинитивно се комплицира пласманот во квалификациите. Во моментов, Македонија се наоѓа на делба на второто место со Косово, а последниот натпревар, закажан за три дена од сега (помеѓу Естонија и Косово) ќе го одлучи вториот патник во квалификациите од нашата група. СТРЕЛЦИ: Николовски (2 поени), Костоски (6), Стојановски (18), Тасовски (7), Ѓуроски (2), Чековски (10), Теодор (19), Младеновски (1)

повеќе...

Македонија 87-74 Косово

Нашата сениорска репрезентација ја запиша првата победа во рамки на претквалификациите за СП 2019. Избраниците на Јорданчо Давитков демонстрираа квалитет на паркетот, агресивната игра во одбраната го присили противникот на грешки кои знаевме да ги искористиме за таложење на предност. Првите поени Косово ги реализира од линијата за слободни фрлања, додека нам ни требаа неколку минути да го фатиме ритамот. Следеше период во кој доминиравме во одбраната, што не доведе на еден поен негатива на полувремето (40-41). Во вториот дел од натпреварот ја одржавме агресивноста во одбраната, но стабилните раце…

повеќе...

Билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово нема да бидат пуштени во продажба

Македонската кошаркарска федерација ја известува македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи денес беше донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба. Македонската кошаркарска федерација и се извинува на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“. Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но…

повеќе...

Кошаркарите ги започнуваат претквалификациите за Светското првенство 2019

Нашата сениорска репрезентација утре попладне заминува за Косово каде и против кого ќе го одигра првиот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019. Ждребот посака да сме сместени во група заедно со Естонија и со Косово – навидум лесна работа, но историјата нè научила дека не смееме ниту еден противник да го ’отпишеме’ предвреме. Првите две пласирани селекции обезбедуваат пласман во квалификациите за СП 2019, што за нашата селекција значи и пласман во квалификациите за Европското првенство 2021 година. „Се видовме пред 40-ина дена тука кога почнуваа подготовките.…

повеќе...

Нашата репрезентација го освои Трофејот Македонија

Македонската сениорска репрезентација го освои „Трофеј Македонија“ вторпат во историјата на одржување на овој турнир по 2011 година. Во интензивно динамичен натпревар, избраниците на Давитков ги надмудрија кошаркарите на Босна и Херцеговина и ги совладаа со 71-64.

повеќе...

Трофеј Македонија: Македонија 78-72 Холандија

Бевме доволно самоуверени за да шутираме од далечина, но шутевите кои не ги реализиравме нашите противници ги ’крадеа’ под нивниот обрач. Условниот домаќин на овој натпревар беше супериорен во скокот и сето тоа резултира со висока негатива која требаше да ја бркаме по десет минути игра (20-9). Ги построи Давитков своите избраници на малата пауза пред вториот период, па до крајот на првиот дел од натпреварот ја консолидиравме играта. Нашиот противник наталожи и 15 поени предност (27-12) која стагнира и во третиот период. Во последните десет минути нашите сениори блеснаа…

повеќе...

Македонија ја совлада Португалија со 52-47

Актуелниот состав на нашата сениорска кошаркарска репрезентација е спој на младост и искуство, но несомнено е дека овој ‘коктел’ и тоа како функционира на паркетот. Со смирени глави и, нормално, смирени раце, нашите сениори запишаа нова победа во рамки на подготвителниот период. Овој пат, пулените на Јорданчо Давитков ја совладаа сениорската селекција на Португалија во рамки на турнирот „Трофеј Македонија“. Во првиот дел од натпреварот, во првите 15 минути се мачевме со пронаоѓање на вистинското темпо. Но истото може да се каже и за нашиот противник кој искористи неколку наши…

повеќе...

Започнува седмото издание на турнирот „Трофеј Македонија“

Натпреварите против Словачка и оној првиот на домашен терен против Бугарија и служеа на сениорската репрезентација за создавање на првична слика за можностите како колектив. Селекторот Јорданчо Давитков ќе има уште еден сериозен тест по кој сликата за составот ќе стане појасна. Станува збор за турнирот „Трофеј Македонија“ кој и оваа година ќе се одигра во Скопје. На ова издание, седмо во историјата на одржување досега, гости на нашата селекција ќе бидат репрезентациите на Босна и Херцеговина, Холандија и на Португалија – три силни селекции кои како и ние ќе…

повеќе...