Кривична пријава за лицето од Приштина кој украде картичка од стружанец

Поднесена кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина, Р. Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела и тоа „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16ти јули годинава, во ПС Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал…

повеќе...

АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Косово

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија за прв пат учествува на интернационалниот саем за туризам во Косово, кој се одржува по 8-ми пат, и е посетен од околу 15 000 гости. На 21-22 Април 2016, туристичката понуда на земјите од регионот се претстави на саемот за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово. Покрај Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Грција, и Италија ја покажа својата цврста верба во потенцијалот и ресурсите кои ги има регионов за развој на туризмот. Околу 90-тина егзибитори и коегзибитори ја…

повеќе...

Стартува патувањето во Косово само со лична карта

„Одбележувањето на овој значаен настан за двете држави, јасно ја истакнува добро воспоставената и институционализирана билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.“ Ова меѓу другото денес на ГП “Блаце“ го истакна заменик министерот на МВР д-р Агим Нухиу по повод стапувањето на сила на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, настан на кој присуствуваше и заменик министерот за внатрешни работи на косовската полиција Валдет Хоџа. Како што нагласи заменик министерот Нухиу – “поаѓајќи…

повеќе...

Чавков: Огромен број приватни разговори одамна се препродадени во Kосово и Србија

„Има компромитирачки снимки за вас, ќе платите или ќе бидат објавени?“ Вака некако веќе некое време биле уценувани неколкумина политичари и бизнисмени од страна на македонското криминално подземје поврзано со СДСМ, но и надвор од земјава, тврди за „Дневник“ заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. „Извесно време одредени лица, пред с`, политичари и бизнисмени, но и други граѓани, се објект на директен напад од поединци во македонското криминално подземје блиски до СДСМ, им се покажуваат компромитирачки приватни снимки и им се изнудуваат пари, во спротивно заканата е дека ќе бидат…

повеќе...

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Косово во интерес на двете земји

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, оствари средба со Дуда Балје, потпретседател на Косовското собрание, која е во прва официјална посета на Македонското собрание. Потпретседателот Милошоски изрази задоволство што е домаќин на средба со Балје, која доаѓа од земја со која имаме добра билатерална соработка, но и во рамките на двата парламента. Република Македонија има интерес за пријателски, економски, политички и билатерален развој на односите со Косово, особено за продлабочување на културната размена помеѓу двете земји. Потпретседателот на Косовското собрание, Балје, изрази благодарност за досегашната добра соработка помеѓу…

повеќе...

Министерот Адеми во официјална посета на Република Косово

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, кој денес е во официјална посета на Република Косово, оствари средба со Косовскиот министер за образование, наука и технологија, Арсим Бајрами. На оваа средба, двајцата министри разговараа за продлабочувањето на соработката во областа на образованието и науката, врз основа на потпишаниот договор за соработка. „Се договоривме денес дека врз основа на тој договор, ќе развиеме и извршни програми, програми изготвени од страна на мешана група од претставници на двете министерства кои ќе се среќаваат редовно и кои ќе не информираат на секои три…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Косово во Р.Македонија, Илбер Хиса. Се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија и за конфликтот што се случи Куманово. Во врска со политичката ситуација, разменети беа детали околу неуспешноста на преговорите и очекувањата од доаѓањата на помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд и еврокомесарот за прошитување, Јоханес Хан. „Евентуални предлози од меѓународните претставници што се приближни на ставовите на СДСМ, а со коишто се овозможува опозицијата да биде гарант на враќање на демократските институции и организирање фер…

повеќе...

Македонија ја продлабочува соработката во областа на образованието и науката со Албанија и Косово

Министерот за образование и наука М-р Абдилаќим Адеми, денес потпиша договор за соработка во областа на образованието и науката со Министерот за образование и спорт на Република Албанија, Линдита Никола и со Министерот за образование и технологија на Република Косово, Арсим Бајрами. Договорот е потпишан во рамките на четвртиот министерски состанок „Платформа за образование и обука на Западен Балкан“ кој што се одржува во Валона – Република Албанија, организиран од Европската комисија, каде што учествуваат министрите за образование од земјите од регионот. По потпишувањето , министерот Адеми истакна дека со…

повеќе...

Отворен заеднички Контакт центар на македонската и косовската гранична полиција

„Отворањето на заедничкикот Контакт центар е уште една потврда на одличните добрососедски односи меѓу Македонија и Косово и по неколкумесечното пробно работење денес само може да констатираме дека од технички апсект Контакт центарот одлично функционира, што значи дека полициските службеници од двете страни на границата заеднички во овие простори ќе можат да извршуваат задачи од доменот на своето работење, да разменуваат информации а се во функција на побрзо решавање на одредени спорни ситуации кои по природа можат да се јават на граничните премини“. Ова меѓу другото го изјави министерката за внатрешни…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Косово, Хашим Тачи

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Косово, Хашим Тачи. На средбата беа разменети мислења и информации за натамошно продлабочување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за состојбите во регионот, и евроинтеграциските процеси на двете земји. Двајцата соговорници изразија задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Косово, и од заемната определба за натамошно јакнење на пријателството и градење на добрососедски односи низ отворен и конструктивен дијалог. Претседателот Иванов и…

повеќе...