Извлечени четвртфиналните двојки од Купот на Македонија

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. За влез во полуфиналето на Купот на Македонија ќе играат: Пелистер – Победа Ренова – Скопје Тетекс – Академија Пандев Шкупи/Вардар – Шкендија Натпреварите ќе се играат на 8 и 29 ноември кога ќе се одигра и заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар. Победникот од тој натпревар ќе се соочи со Шкендија на 17 декември 2017 и 21 февруари 2018 година. WebOhrid

повеќе...

Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во ракометниот Суперкуп на Македонија

Во вторник (12 септември) со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар како увертира на новата сезона во домашните натпреварувања, која почнува следниот викенд. Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2017, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот што се играше во Битола, а на таа средба славеше Вардар со 31-26, освојувајќи ја двојната круна во домашните натпреварувања. Директен пренос од…

повеќе...

Одиграно 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

Денес се одиграа натпреварите од 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Беласица  1:3  Пелистер Борец  4:0  Влазерими Трим & Лум Струга  1:0  Македонија ЃП Кожуф  1:1 (пенали 7:6)  Новаци Могила  0:6  Силекс Неготино  3:5  Еуромилк Осогово  1:2  Брегалница Плачковица  0:4  Победа ССК Нова  0:6  Академија Пандев Тетекс  2:1  Турново Тиквеш  0:1  Ренова Зајази  2:4  Шкупи Победниците се пласираа во 1/8-финалето од Купот на Македонија. Тимовите на Работнички и Скопје директно се пласираа во следната рунда. Поради настап во квалификациите за Лигата Европа, Шкендија и Вардар дополнително…

повеќе...

Пелистер го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Пелистер по пенали ја совлада Шкендија и по 16 години повторно го освои Купот на Македонија. Пелистер по изведувањето на пенали ја совлада екипата на Шкендија со 4:3 и стигна до втората титула од Купот на Македонија. Мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, 0:0. Во 22 минута Шкендија имаше добра шанса, откако Ибраими проигра до Стенио Жуниор, кој од прва шутираше, но преку голот. Четири минути подоцна Илијовски биеше, но малку крај стативата. Истиот фудбалер потоа не успеа со удар со ножички да го загрози Захов.…

повеќе...

Финалето од фудбалскиот Куп на Македонија на 17 Мај на стадионот Младост во Струмица

ФФМ, клубовите финалисти и МВР на заеднички состанок ги договорија деталите околу организацијата на натпреварот и преземените мерки за финалето во Струмица да биде вистински фудбалски празник. На денешниот состанок Васко Дојчиновски комесарот за натпреварување, а воедно и делегат на Куп пресметката меѓу Шкендија и Пелистер ги информираше клубовите за нивните обврски кои произлегуваат од Правилникот за натпреварување, како и за важноста натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера. Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер Mktickets ќе изврши дистрибуција на потребниот број билети за двата клуба, како и…

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017. Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето беа извлечени финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017. Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор…

повеќе...

Одиграни првите дуели од полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија

Денес се одиграа првите дуели од полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Вардар  1:3  Шкендија Брегалница  2:2  Пелистер Повратните дуели ќе се играат на 19 април кога ќе бидат познати годинешните финалисти. WebOhrid

повеќе...

Интензивни подготовки на ФФМ за УЕФА Супер Купот Скопје 2017

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје. Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета. „ФФМ направи големи напори за да можеме…

повеќе...

Познати четвртфиналните двојки од кошаркарскиот Лимак Куп на Македонија 2017

Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017. На 17 февруари (петок) Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за во 13:00 часот. Во вториот термин, (15:30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид. Трет натпревар на распоред (18:00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20:30) МЗТ Скопје, бранителот на КУП – титулата ќе се пресмета со Кожув. В…

повеќе...

„Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Кавадарци

Организаторот Лимак Холдинг и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари. Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата. На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига. Четвртфиналните натпревари ќе се…

повеќе...