Празнична вечерна богослужба на Плаошник по повод Св.Климент

По повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, вечерва во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид  беше отслужена празнична вечерна богослужба. На литургијата со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј, покрај многуте верници присуствуваа претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска и советникот Климе Шешоски. Утре, во манастирот со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Поради денот на жалост, свеченостите посветени на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Св.Климент…

повеќе...

Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир.…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат во манастирот Св. Наум

Од вчера попладне река верници се упатуваат во манастирот Св.Наум, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.  По повод празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец во манастирот Св.Наум синоќа се служеше празнична вечерна богослужба.  Денес, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Како и секоја година, за празникот Свети Наум, во рамките на манастирскиот комплекс не изостана и панаѓурот со тезги каде можеше да се купат сувенири, облека,…

повеќе...

Канческа-Милевска го посети манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ во Лешок

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ денеска го посетија манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок, каде што се сретнаа со митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Во рамките на посетата министерката Канческа-Милевска најави три активности за заштита на дел од спомениците на културата во ова важно духовно, културно и историско седиште во Тетовско, и тоа: обновување на внатрешноста на конаците, отстранување на влагата од црквата „Света Богородица“ и обнова на старата манастирска црква што се наоѓа на два километри од манастирскиот комплекс…

повеќе...

Верниците го одбележаа празникот Св.Атанасиј Велики во Рамне

Православните верници денес го слават празникот посветен на Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. По тој повод во селото Рамне, во манастирот на овој светец, се служеше света литургија, на која присуствуваа многу верници, кои палеа свеќи, се молеа за здравје и среќа. На присутните, им се служеше ручек организиран од манастирот, а прославата беше збогатена со музика. За многу години! Ангелче Андриоски

повеќе...

Света литургија за празникот Свети Наум Охридски

По повод празникот посветен на Свети Наум Охридски, во вторник (5-ти јануари), во манастирот „Свети Наум Охридски“ ќе се служи света архиерејска златоустова литургија со почеток во 8:45 часот.

повеќе...

Во тек е реконструкција на локалнот пат од Злести до манастирот „Сите Свети” во Лешани

Деновиве започнаа  градежните активности во врска реконструкцијата на локалниот пат што го поврзува селото Злести со манастирот „Сите Свети” во селото Лешани. „Ќе биде реконструирана вкупна должина на локалниот пат од 1800 метри. Реконструираниот локален пат ќе биде со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат. На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши…

повеќе...

Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов

Колор-монографијата за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов ќе биде промовирана во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, на 26-ти ноември (четврток) во 13 часот. За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, а поздравна реч ќе одржи Елизабета Канческа – Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Извор: Нет Прес

повеќе...

Православните верници масовно се упатуваат кон пештерната црква „Св.Стефан“

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“ и манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, се служеше празнична вечерна богослужба. На богослужбата присуствуваа голем број верници од Охрид, околните места и туристи, кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е во ретко…

повеќе...

Литургија во храмот „Св.Петка“ сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“

На 8-ми август, денот кога го прославивме споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка и светиот маченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалкствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...