Томи Стефановски е победник на 30 Охридски пливачки маратон

Томи Стефановски е овогодинешниот победник на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:55:18:97 часа. Второто место му припадна на Италијанецот Едоардо Сточино кој пристигна за 5:55:34:37 часа, додека пак трет на финишот пристигна Евангелиста Матеус од Бразил за 5:55:34:37 часа. „Ова е неверојатно. Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен и среќен бидејќи Охридскиот маратон е мојот омилен маратон, маратон кој што има голема репутација во…

повеќе...

Стартува 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Точно на пладне од Св. Наум 9 пливачи во машка и исто толку во женска категорија ја започнаа битката за освојување на тронот на јубилејниот Охрдски пливачки маратон. Стартот на трката во 12 часот го означи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Пред самиот почеток на маратонот, градоначалникот Бакрачески на сите маратонци им посака среќен натпреварувачки ден, мирна вода и освојување на најдобар резултат. Се очекува околу 17 часот да пристигнат и првите пливачи на целта на Градското пристаниште.

повеќе...

Иванов ќе се обрати на свечениот прием на пливачите-маратонци и ќе ги врачи наградите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес присуствува на големата спортска меѓународна манифестација „Охридски пливачки маратон”, кој годинава се одржува по 30 – ти пат. Трката стартува од комплексот „Св. Наум” во 12:00 часот, а се очекува првите маратонци да пристигнат на целта кај градското пристаниште после 17:00 часот. На 30 километри долгата патека „Климе Савин” ќе се натпреваруваат вкупно 17 пливачи од целиот свет, 8 во машка и 9 во женска конкуренција. На годинешниот маратон Република Македонија ја претставуваат Евгениј Поп Ацев, Томи Стефановски и Александар Илиевски. Претседателот Иванов, вечерва со…

повеќе...

Поп Ацев е голем фаворит за втора победа по ред на Охридскиот Маратон

Првиот Македонец кој триумфираше на Охридски Маратон, Евгениј Поп Ацев, оваа година е главен фаворит за да го одбрани трофејот на најголемата спортска манифестација во нашата држава. Имено, Поп Ацев и уште осум пливачи во машка и девет во женска конкуренција, утре точно напладне ќе се појават на стартот на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон кој ќе се плива на на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри. Македонската пливачка експедиција оваа година освен минатогодишниот победник, ја сочинуваат и Томи Стефановски и Александар Илиевски. „Бројката на пливачи за Охридскиот…

повеќе...

Светската пливачка елита е дел од 30-то издание на Охридскиот маратон кое ќе се одржи во сабота

Осумнаесет натпреварувачи од кои девет мажи и девет жени во сабота точно на пладне ќе влезат во водите на Охридското Езеро, како учесници на јубилејното, 30-то ред издание на Охридскиот пливачки маратон – најголемата меѓународна спортска манифестација во земјата. Охридскиот маратон, што се одржува во организација на Пливачката Федерација на Република Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, е редовна трка од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Како и секоја година, така и оваа, ќе се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „Св.Наум“ до Градското…

повеќе...

Седумнаесет натпреварувачи ќе ги одмерат силите на Охридскиот пливачки маратон

Седумнаесет наптреварувачки од повеќе држави низ светот своите сили ќе ги одмерат на јубилејното 30. издание на Охридскиот пливачки маратон. Меѓу нив е и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев кој е фавориот и оваа година. Покрај Евгениј, во машка конкуренција ќе учествуваат и македонците, Томи Стефаноски и Александар Илиевски, аргентинците Акуилес Балаудо и Блаум Дамаин, италјанецот Сточино Едоардо, бразилецот Евангелиста Матеус и германецот Пистор Симон. Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат чехињата Силвие Рибарова, русинките Килик Дариа и Олга Козудуб, аргентинките Гарсија Рита Ванеса, Пилар Геијо и Викторија Мори, хрватката…

повеќе...

Привршуваат подготовките за јубилејното издание на Охридскиот пливачки маратон

Подготовките за годинешното издание на Охридскиот пливачки маратон се во завршна фаза. Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 20. Август. Годинашното 30. по ред издание од серијата на ФИНА, ќе се плива на триесет километарската патека „Климе Савин“. Општина Охрид и Јавните претпијатија се подготвуваат за непречено одвивање на јубилејното издание, а во тек е и подготовка на пропраните културно – забавни содржни. И оваа година натпреварувањето ќе се одвива во две групи, женска и машка конкуренција. За потсетување на минатогодишното 29. издание на Охридскиот пливачки маратон за прв…

повеќе...

Јубилејното 30то издание на Охридскиот Пливачки Маратон ќе се одржи на 20ти август

Оваа година се навршуваат 62 години од постоењето на Охридскиот Пливачки Маратон, закажан за 20 август 2016 година. Уживајќи статус на најголем спортски меѓународен настан во државата, секоја година Охридскиот Пливачки Маратон ја привлекува пливачката елита од целиот свет. Оваа година по 30-ти пат истиот е дел од листатана маратони на  Светската Пливачка Федерација (ФИНА), како еден од најважните маратони со високо реноме. Натпреварувачите пливаат 30 км долга патека, почнувајќи од манастирот Св. Наум се до градското пристаниште. Секоја година Охридскиот маратон привлекува илјадници посетители и уште повеќе навивачи, а…

повеќе...

Утре по 37 пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, по 37-ми пат, утре, 2-ри август (вторник), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2016. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата на х. Парк. Пристигнувањето на…

повеќе...

Пријава за насилникот кој нападна граѓанин на скопскиот маратон

Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава за физички напад против С.С.(32) кој во неделата, 8 мај, за време на одржувањето на скопскиот маратон нападнал граѓанин кој држел транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“. Извршен е разговор со С.С. во присуство на адвокат и против него е поднесена прекршочна пријава.

повеќе...