ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со голем митинг во Скопје

Политичките партии од утре ја почнуваат предизборната кампања за предвремените парламентарни избори. Кампањата за предвремените парламентарни избори која почнува утре, отсега паралелно ќе се одвива со кампањата за претседателски избори. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кампањата за парламентарните избори ќе ја почне утре од Скопје со голем митинг на плоштадот „Македонија“ со почеток во 20 часот.

повеќе...

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во Охрид

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, денеска ја започнува посетата во охридскиот регион во село Белчишта, каде ќе оствари средби со тамошните жители. Пендаровски посетата ќе ја продолжи со прошетка и посета  во село Мешеишта, а потоа  ќе се упати на средба со жителите на село Волино. Пендаровски посетата ја продолжува  во струшкото село Боровец. Пендаровски ќе оствари средби со жителите на село Подгорци, а потоа ќе се упати на средби со жителите на Вевчани. Во 18:00 часот, претседателскиот кандидат пристигнува во Охрид, каде ќе ја посети црквата кај Чинарот, за подоцна…

повеќе...

Митинг на претседателскиот кандидат на ГРОМ во Охрид

Со громогласно „да“ одговорија многубројните охриѓани на прашањето на претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, „дали на Македонија ѝ треба ГРОМ?“ Граѓаните на македонскиот Ерусалим на вечерашниот голем митинг, со овации, аплауз и со скандирање на имињата на кандидатот за претседател и на лидерот на ГРОМ, порачаа дека токму тоа, трета опција, ѝ треба на нашата земја. „Собрани сме овде за да бидеме дел од големата граѓанска идеја и визија, за сплотени под покривот на Граѓанска опција за Македонија да создадеме иднина за нашата Македонија“ – порача…

повеќе...

Претседателскиот кандидат на ГРОМ во четврток во Охрид

Претседателскиот кандидат од ГРОМ, проф. д-р. Зоран Поповски во четврток (3 април),  ќе се претстави пред граѓаните на Охрид. Во 18 часот во просториите на ГРОМ-Охрид, Поповски ќе одржи средба со граѓаните. Во 18 и 30 часот ќе прошета по охридската чаршија, а во 19 часот кандидатот за претседател на ГРОМ, Поповски ќе одржи митинг на градскиот плоштад, информираат од партијата.

повеќе...

Иванов: Ќе ја направам Македонија земја на благосостојба

Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО. Ќе продолжам со напорите за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, а за нашата подготвеност зборуваат петте извештаи. Го бараме она што сме го заслужиле, како за другите, така и за нас, рече кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на митингот во Охрид. „Додека се движиме кон ЕУ сами да ја создаваме ЕУ во Македонија, со секоја реформа ја правиме Македонија подобро место за живеење. Преговорите да се сведат на чиста формалнот, наша цел е Европа во Македонија…

повеќе...

Одржан Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“

Денес на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид го организираа Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“. Пливачкиот митинг се оддржува после апстиненција од 15 години. На митингот зедоа учество стотина пливачи од Охрид, Струга, Битола, Скопје и Прилеп. Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 дисциплини. На настанот се обрати и Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани. Проектот Спортско лето во организација…

повеќе...

Митинг на СДСМ во Охрид

СДСМ и сојузот на иднината, синоќа на градскиот плоштад одржаа митинг на кој го промовираа актуелниот градоначалник Александар Петрески. На митингот беа присутни голем број симпатизери и поддржувачи на партијата. Пред присутните, најпрво, свои излагања имаа пратеникот на СДСМ Митре Велјаноски и претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски. „Ова е Охрид, ова е градот победник, ова се охриѓани следбеници на делото на Свети Климент и Свети Наум. Замислете, охриѓани господинот Бакрачески се обраќа со зборовите добровечер охриѓани, се обраќа со зборовите добровечер сограѓани, каде вие сношти видовте Охриѓани и нивни сограѓани?…

повеќе...

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Синоќа и официјално од Охрид коалицијата За подобра Македонија, предводена од владеачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, ја започна изборната кампања за претстојните локални избори. На митингот, кој се одржа на градскиот плоштад, беа присутни голем број симпатизери и поддржувачи на партијата. Свое обраќање имаа неколку високи партиски функционери и лидери на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“, а пред присутните се обратија кандидатот за градоначаланик на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, д-р Никола Бакрачески и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ д-р Јованка Точко. „Ја започнуваме нашата политичка визија, да им обезбедиме на…

повеќе...