Нов канализациски систем за жителите на Мороишта

Премиерот Никола Груевски во струшкото село Мороишта попладнево го пушти во употреба новиот канализациски систем. „Инвестираме во поздрава животна средина, во поквалитетен живот на денешните, но и на идните генерации на Мороишта. Немањето канализациска мрежа во минатото беше тешко секојдневие за вас. По децениски проблеми со постојните јами, Владата изнајде начин и средства да го реши овој проблем. За таа намена беа издвоени околу 12 милиони денари со кои конечно се изгради потребната инфраструктура“, рече Груевски, обраќајќи се пред собраните жители на селото кои го поздравија пуштањето во употреба на…

повеќе...