Концерт на Данила Јефремов и Иван Калатај во Охрид

Утре со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи концерт на руските уметници – лауреатите Данила Јефремов (кларинет) и Иван Калатај (фортепиано). Концертот е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и Россотрудничество. „Амбасада на мајсторството“ е исклучителен проект на Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и руската државна агенција Россотрудничество, кој е започнат во 2012 година и се реализира…

повеќе...

Во Центарот за култура Охрид ќе се одржи Етно вечер насловена Незаборав

Утре во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи Етно вечер насловена НЕЗАБОРАВ. Љубителите на старата македонска чалгиска музика ќе имаат можност да го проследат настапот на ФА Бисери, Ансамбл Билјана јуниор, а како специјален гостин свој настап ќе има маестро Зоран Џорлев. „Песната е нашиот идентитет. По старата македонска чалгиска музика сме препознатливи и уникатни во светот. Преку ваквите настани, ќе го исполниме аманетот на авторите кои стојат зад овие дела и само така ќе ги сочуваме од заборав.“ – вели организаторот на овој настан, Ѓоко Алоски. Настанот започнува во…

повеќе...

Етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ќе одржат мини турнеја во неколку градови во Македонија

Женскиот вокален етно состав Езерки и оркестарот 7/8, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија. Работејќи повеќе од 22 години, етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ја негуваат македонската традиционална и староградска музика. Првиот концерт ќе се одржи во Тетово на 15 септември. Вториот концерт ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид на 16 септември со почеток во 19:30 часот, каде воедно ќе биде прикажан…

повеќе...

„Моја Ангела” е новата песна на Христијан Стојоски

Христијан Стојоски кој е доста млад и успешен музичар и пејач овој период од летото покрај настапите во живо тој ја најави и новата песна која ќе излезе на крајот од оваа летна сезона.  Исто така Христијан ни го откри насловот на песната и ни кажа нешто повеќе за неа. „Текстот, музиката и аранжманот на песната ги направив самиот. Се надевам дека ќе биде добро прифатена од страна на слушателите. Не би сакал повеќе да откривам наскоро ќе имаат можност да ја слушнат и самите да оценат.“-  вели Христијан. WebOhrid

повеќе...

Прослава со Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, синоќа во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид беше организирана прослава збогатена со музика. Овој пат присутните верници од Коњско, Охрид и околните места ги забавуваше фолк пејачот Спасен Силјаноски. Денес во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. За многу години празникот! Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид,…

повеќе...

16то издание на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери 2017“

Од утре, 15ти јуни до 21ви јуни, во Охрид во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи 16то издание на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери”. Натпреварот ќе биде отворен утре, со почеток во 21:00 часот. Пријавени се 120 кандидати од повеќе држави: Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија, Словенија и др. кои ќе учествуваат во дисциплините: Флејта, Кларинет, Саксофон, Труба, Хорна, Тромбон. Натпреварот ќе го следи Интернационално жири од познати и признати музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија, Србија. Натпреварот ќе го…

повеќе...

Ohrid SUPERSTAR преку 7 телевизии до публиката во целата држава

Преку програмата на 7 регионални телевизии ширум државата, Талент Шоуто OhridSUPERSTAR ќе стигне до публиката во целата држава. „Очигледно е дека проектот кој го работиме ги надмина локалните граници и повратните информации кои ги имаме од публиката, но и од професионалците само ни потврдуваат дека имаме фантастичен производ. Имаме договор со колегите од телевизиите ширум државата, кои ќе започнат да ги емитуваат снимките, со што талентите од нашиот регион ќе стигнат до публиката во целата држава. Ова е само награда и потврда за трдот кој целиот тим кој е инволвиран…

повеќе...

Охриѓани и гостите Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад

Со огномет, песна и насмевки охриѓани, но и бројните гости Новата 2017-та година ја дочекаа на Охридскиот плоштад. На температура неколку степени под нулата, охриѓани и гостите се забавуваа до раните утрински часови, а за добрата забава на Градскиот плоштад се погрижија пејачите Елена Велевска и Ѓоко Танески.

повеќе...

Почина Есма Реџепова

Утрово, по кратко и тешко боледување на 73 годична возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска. Есма Реџепова, во 2013 година ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Таа никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија има повеќе од 100 внуци и правнуци. За деталите околу погребот јавноста ќе биде дополнително информирана.

повеќе...

Тајзи ја „вози“ новата песна во латино ритам

Откако пред две неделta Тајзи ја промовираше песната „Вози“ на српски јазик, деновиве реши да ја пушти и македонската верзија која звучи како сосема различна песна. Македонската верзија е авторско дело на Лазар Цветковски, со текст на Тајзи и е во латино ритам. За кратко време, пејачот ветува нов македонски хит и тоа токму на неговиот роденден на 21 декември. До излегувањето на новата песна, останува да ја преслушаме „Вози“ во нов ритам.

повеќе...