Во Охрид започна напредната НАТО школа за борбата против тероризмот во сајбер-просторот

„Како и другите региони во светот и Југоисточна Европа се соочува со предизвици поврзани со редикализацијата и тероризмот во сајбер-просторот, за што е потребен одговор од страна на НАТО и земјите партнери. За нас од исклучителна важност е да ги разбереме глобалните трендови во врска со користењето на сајбер-просторот од страна на ИСИС и другите терористички организации, како и политичките, технолошките, правните и стратегиските аспекти на ова делување. Не помалку важно е и регионалното поврзување, соработката, а со тоа и зацврстувањето на евроатлантските вредности во регионот на Југоисточна Европа“. Тоа…

повеќе...

Јолевски: Остануваме целосно посветени на интегративните процеси во НАТО и ЕУ

„Република Македонија ќе остане цврсто посветена на нашите стратешки цели – интеграцијата во НАТО и Европската Унија, а реформите кои ги правиме во безбедносниот сектор се првенствено за нас, за да имаме посилно општество, посилна одбрана и армија, реформи кои паралелно нè приближуваат и до НАТО и Европската Унија“. Ова го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната конфереција во Министерството за надворешни работи на тема „Влијанието на глобалните безбедносни предизвици во Европа и Западен Балкан и начини на справување“, а во организација на Секретаријатот за европски…

повеќе...

Јолевски: Македонија останува посветена на зачленувањето во НАТО

„Република Македонија останува посветена на својата цел да стане членка на НАТО што поскоро. Како Министерство за одбрана продолжуваме со реформите во армијата и одбранбениот сектор бидејќи тие реформи се битни за државата, затоа што на тој начин градиме силна, мобилна и ефикасна армија, а истовремено исполнувајќи ги стандардите на НАТО.“ Тоа го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во обраќањето пред учесниците на Безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, што во организација на Маршал-центарот на Република Македонија…

повеќе...

НАТО-форум за безбедност во Охрид

Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“. Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим. На форумот ќе говорат истакнати професори, аналитичари и експерти, меѓу кои проф. д-р…

повеќе...

Јолевски: Македонија, македонските војници и граѓани го заслужија членството во НАТО

„Република Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО. Ние имаме капацитет да ги превземеме сите обврски и одговорности за да придонесеме кон сигурноста и стабилноста на Балканот и Евро – атлантската област. Цврсто сме убедени дека инвестицијата во НАТО ќе ги зацврсти мирот и стабилноста. Нашите војници, кои долги години учествуваат во мировните мисии во Авганистан, го очекуваат и заслужуваат членството“, истакна Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во своето обраќање на денешниот состанокот посветен на Платформата за интероперативност, на ниво на министри за одбрана, на НАТО…

повеќе...

Попоски: Последните настани во Македонија се позитивни сигнали да се вратиме назад на ЕУ и НАТО агендата

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше богата работна агенда во седиштето на НАТО во Брисел, каде оствари билатерални средби со помошникот-државен секретар на САД за европски и евро-азиски прашања, Викторија Нуланд, како и со шефовите на дипломатиите на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, на Турција Мевљут Чавушоглу, на Унгарија Петер Сијарто на Грција Никос Коѕијас, како и со Даниел Митов шефот на дипломатијата на Бугарија. По овие средби, шефот на македонската дипломатија учествуваше и на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО во рамки на земји-партиципиенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во…

повеќе...

Поддршка од претседателите на Словенија, Хрватска и Црна Гора за што побрза интеграција на Македонија во НАТО

На вториот ден од Форумот „To Be Secure” на Претседателскиот панел „Presidential Discussions: Sharing Security = Sharing Responsibility” претседателите на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ и Република Словенија, Борут Пахор истакнаа дека Република Мaкедонија треба што поскоро да се интегрира во евроатлантските структури. Претседателот Пахор побара политиката на Европа кон Западен Балкан да биде стратегиска, а не техничка. Притоа беше истакнато дека земјите од регионот припаѓаат на Европа, и затоа не треба процесот на нивна интеграција да го именуваме како проширување, туку како консолидирање на Европа. Затоа и двата…

повеќе...

Македонија е партнер од доверба подготвен да биде дел од НАТО: министерот Јолевски на меѓународен форум во Црна Гора

„Република Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми да биде дел од НАТО и од Европската Унија. Ние вложивме големи напори да обезбедиме хумани услови за мигрантите и нивен транзит низ нашата земја“, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во денешното обраќање на меѓународниот форум „To Be Secure“ кој денес и утре се одржува во Будва, Црна Гора. Во однос на решавањето на овие предизвици, министерот Јолевски го поздрави договорот помеѓу Европската Унија и Турција и повика на создавање на сеопфатна стратегија која ќе ги опфати не…

повеќе...

Целосна поддршка од Унгарија за влез на Македонија во НАТО Алијансата и Европската Унија

За време на денешната посета на министерот за одбрана Зоран Јолевски на Унгарија, неговиот колега Иштван Шимичко искажа благодарност за напорите кои Македонија ги вложува за успешно справување со мигрантската криза. Министерот Шимичко истакна дека Унгарија дава целосна поддршка и определеност за интеграција на Република Македонија во евроатлантското семејство. На средбата тие разменија мислења за последните случувања за мигрантската криза, безбедносната состојба во регионот и Европа пошироко, за следниот самит на НАТО што треба да се одржи за два месеци во Варшава, како и за унапредувањето на соработката меѓу двете…

повеќе...

Состанок на Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност и Република Македонија

Денес во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации меѓу земјите членки на НАТО и Република Македонија, на кои се разгледуваат достигнувањата во спроведувањето на реформите во одбраната и достигнатиот степен на интроперативност на Армијата на Република Македонија со земјите членки на НАТО. На состанокот беа усвоени и новите Партнерски Цели 2016 за Република Македонија. Делегацијата од Министерството за одбрана ја предводеше државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова. Државниот секретар Чуповска Ристова во своето обраќање пред Комитетот на НАТО ја истакна важноста на ПАРП процесот за Македонија…

повеќе...