ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи изборите со повеќе од 300 набљудувачи

Канцеларијата на мисијата на ОБСЕ за демократски институции и за човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја почна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Мисијата се состои од главен тим на 14 експерти и од 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја во тимови по двајца, почнувајќи од 9 ноември. ОДИХР ќе побара од земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 300 краткорочни набљудувачи што ќе го надгледуваат процесот на денот на изборите. Мисијата е предводена од Тана де Зулуета, која веќе се…

повеќе...

Претставници на ОБСЕ ја посетија Општина Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески оствари протоколарна средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Давид Лоеф и Марк Хансел. Дипломатите од ОБСЕ пројавија интерес за актуелната економска ситуација во која се наоѓа Охрид и регионот. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите со напорите и преземањата на локалната самоуправа за стратешките интереси на Охрид и региионот, за подобрување на економскиот амбиент, со посебен акцент на туризмот и развојот на регионот како единствена и европски препознатлива дестинација.

повеќе...

ОБСЕ го поздрави усвојувањето на Извештајот на ДИК

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) преку мисијата во Скопје го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори. „Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен предуслов за веродостојни избори“, пишува…

повеќе...

ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

Предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи со 300 набљудувачи, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР објавен на 27 ноември. Во извештајот се наведени наодите од скенирањето на актуелната политичка состојба во земјата и процените за потребите на мисијата при следењето на изборите, спроведено во периодот меѓу 2 и 5 ноември. Поради „тензичната и фрагилна политичка атмосфера во земјава“ и потребата од промовирање доверба во изборниот процес, заклучокот на ОБСЕ/ОДИХР, според извештајот, е дека е потребно проширување на набљудувачката мисија за изборите во 2016 година.…

повеќе...

Делегација на ОБСЕ ја посети Општина Охрид

Делегација од канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, предводена од проектниот офицер Тихана Леко, денеска имаше средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев и претставници на администрацијата на Локалната самоуправа. На средбата, гостите се интересираа и добија одговори за функционирањето на Локалната самоуправа, финансирањето, меѓуетничките односи, особено во областа на образованието, соработката со полицијата и за други прашања од делокругот на надлежностите на општина Охрид.

повеќе...

Ѓорчев во ОБСЕ: Ние не сме ФИРОМ, туку Република Македонија

Со усвојување на „Декларацијата од Хелсинки”, денеска во главниот град на Република Финска, заврши 24. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), на која учествуваше Делегација на Собранието на Република Македонија, меѓу кои и пратеникот Владимир Ѓорчев. Во своето обраќање, тој се осврна на проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија. Потсетувајќи дека преговорите за ова прашање траат повеќе од 20 години, тој оцени дека е апсурдно што во целиот овој период, членството на Македонија во ЕУ и НАТО е блокирано од…

повеќе...

Обраќање на министерот Попоски на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се обрати на редовниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. Даде кус осврт на актуелните состојби во Република Македонија, со фокус на последните разговори во Брисел. „Стратегиска цел за целосно интегрирање на Република Македонија во евро-атлантските структури која има широка поддршка во македонското општество бара сериозен и конструктивен политички ангажман. Република Македонија демонстрираше капацитет за дијалог во кој сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно со цел да се надминат актуелните предизвици“, подвлече Попоски. Осврнувајќи се на долгогодишната успешна соработка со…

повеќе...

Средба на Попоски со претставници на ОБСЕ

Интеграцијата на Македонија во ЕУ би придонела за надминување на предизвиците со кои се соочуваме во моментов, а кои можеби и не би постоеле во различен контекст, доколку бевме членка на НАТО и ги започневме преговорите за членство во ЕУ. Реформскиот курс на земјата секако продолжува во постигнување на стратешките цели. Ова било констатирано на денешната средба на мнистерот за надворешни работи Никола Попоски со специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа Роберто Батели кој беше придружуван од амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното Собрание на…

повеќе...

Груевски се сретна со претставниците на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, г-дин Роберто Батели и специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена, г-дин Андреас Нотеле. На средбата со соговорниците беше констатиран позитивен развој на соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ. Премиерот Груевски се заблагодари и ја поздрави активната улога на ОБСЕ во реализацијата на реформите и мерките кои се насочени кон реализација на стратешките цели. Премиерот Груевски истакна дека темелна определба на Република Македонија е членството во…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со делегација на ОБСЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со делегација на ОБСЕ предводена од Џерард Стоудман, специјален претставник за Западен Балкан. На средбата се разговараше за актуелната ситуација во којашто се наоѓа Македонија, длабоката политичка криза и безбедносните предизвици со коишто се соочува земјава. Претседателот Заев посочи дека вистината што ја дозна целокупната јавност во Македонија ги потврди злоупотребите на власта коишто веќе се забележани и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР но и од други меѓународни организации. „Клучно е воспоставениот систем на партиска контрола врз…

повеќе...