МОК организира висока обука за напреден спортски менаџмент

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како и во координација со Националните спортски федерации (НСФ), високо образовните институции, централната и локалната власт како и во соработка со другите спортски институции и организации во Република Македонија, ја започнува процедурата за започнување на едукација на четвртата генерација на учесници на Високата обука за напреден спортски менаџмент на Олимписки спортски организации (ОСО) во Република Македонија. Станува збор за многу обемна едукативна спортска програма која претставува квалитетна теоретско-практична платформа за унапредување на работата на сите заинтересирани страни во спортот.…

повеќе...

Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ

Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која веќе 12 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.Македонија. Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатаке ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граќани…

повеќе...

И децата можат да бидат правобранители

Помеѓу четврток и недела (27-30 Октомври 2016 година), во Струга ќе се одржи обука за деца правобранители од средните училишта од следните градови: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Гостивар вклучени во проектот„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија”. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации од 1989 година. Но, колку во државата се почитува Конвенцијата и колку тие права се почитуваат во институциите каде децата се најприсутни – училишта? Согледувајќи ја препорака на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации каде епотенцирана потребата да се подобри…

повеќе...

ЕД Грашница организира обука за охридските земјоделци

Во организација на ЕД Грашница, а во соработка со Македонската рурална мрежа, во Охрид ќе се одржи настан „Едукација на земјоделските производители за заштита на животната средина од прекумерна употреба на минерални ѓубрива и пестициди“ – обука за земјоделци. Обуката ќе ја изведуваат специјалист по агрохемија и искусен практичар – фармер. Ваков настан ќе се организира и за струшките земјоделци во Струга на крајот од месецот. „Ова е од големо значење за охридско-струшкиот регион, а целта е да добиеме едуцирани земјоделски производители кои ќе произведуваат здрава храна наменета за европскиот пазар. Според…

повеќе...

Обука за напреден спортски менаџмент

Во организација на Македонскиот олимписки комитет, Општина Охрид и Националните спортски федерации, денеска се одржа обука за напреден спортски менаџмент. На обуката на која присуствуваа спортски работници од Охрид, беа опфатени областите за менаџмент и управување со човечки ресурси, управување со финансии, спортски маркетинг, вештини во менаџментот и носење одлуки, селекција на спортисти, конфликт на интереси и решавање на конфликти во спортот. „Ја користам оваа прилика да ве потсетам дека Охрид како град одсекогаш го нудел она што им е потребно на спортистите: убава атмосфера, чист воздух, здрава околина, прекрасни домаќини,…

повеќе...

Во Струга се одржува обука за спасувачи на вода

Конзорциумот составен од цивилните заштити на Словенија, Хрватска, Германија, Шведска, Италија, Невладината „Студиаре Свилупо“ од Италија и Дирекцијата за заштита и спасување, организираат обука за спасувачи на вода. Обуката се одржува во Струга, а на истата учествуваат цивилните заштити на Албанија, Косово, Турција и Македонија. „Целта на овој проект е соработка со цивилните заштити на Косово, Албанија, Турција и Македонија каде по завршувањето на оваа обука треба да се формира еден тим од 44 припадници каде истите би се користеле за спасување во нашите држави, но и на барање на друга…

повеќе...

Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска е во посета на Меѓународниот центар за обука на Меѓународната организација на трудот во Торино, Италија. Спасов, како што информира МТСП, остварил средба со директорот на Центарот Јангју Лиу и директорот на МОТ за Централна и Источна Европа Антонио Грациози. „Овој Центар претставува глобален провајдер кој спроведува обуки и програми за влади, организации на работници и работодавачи во делот на социјалниот дијалог, трудова администрација, вработување и развој на вештини и други области“, се вели во соопштението од МТСП. Спасов го информирал…

повеќе...

Центарот за обука на пилоти ги отвори вратите за јавноста

Центарот за обука на пилоти, еден од најсовремените Центри од овој тип во Европа, денес во касарната во Петровец им овозможи на сите млади лица, заинтересирани да бидат идните пилоти во Армијата на Република Македонија да се запознаат со неговите капацитети и одблиску да ги видат воздухопловите на кои се врши обуката. „Овој ден е одлична можност да почувствувате барем дел од она што значи да се биде пилот обучуван по најсовремени методи и според врвни услови, во модерен и исклучително технолошки напреден центар, кој е резултат на заложбата на…

повеќе...

Во Охрид одржана обука за управување со чамци

Царинската управа на Република Македонија во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје, во период од 16ти до 26 мај во Охрид одржа напредна обука за управување со чамци, како продолжение на основната обука за управување со чамци која се одржа во текот на минатата година. Напредната обука за управување со чамци беше наменета за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Покрај претставниците од Македонија, учесници на обуката беа и претставници од Албанија и Косово. Покрај…

повеќе...

Обука за препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи

Царинската управа на Република Македонија во период од 16 до 20 мај 2016 година, во соработка со Philip Morris TKP LLC Скопје, одржува обука за препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи, во Скопје, Гевгелија и Битола. Учесници на обуката се царински службеници во чија надлежност е откривање и спречување на кривични дела и царински прекршоци, во кои спаѓаат фалсификување и криумчарење на производи од тутун и истите имаат можност да се запознаат со методите и начините на препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи. Во…

повеќе...