Одбојкарите поразени во финалето

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред останува без златен медал во финалето од Европската лига. Оваа година пречка за нашите беше репрезентацијата на Украина. Украина ги доби првите два сета со 25:15 и 25:22 со што поведе со 2:0. Македонија успеа да го добие третиот сет со 24:26 и да намали на 2:1. Но, Украина го доби и четвртиот сет со убедливи 25:13 со што оствари триумф од 3:1 на овој натпревар и го освои златото во Европската лига оваа година. WebOhrid

повеќе...

Македонската одбојкарска репрезентација се пласира во финалето од Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација забележа победа против домаќинот на Ф4 финалниот турнир од Европската лига – Данска. Данска поведе со 2-0 во сетови, но нашите одбојкари не само што успеаа да изедначат, туку и го добија петтиот сет, за целосен пресврт на натпреварот и обеда од 2-3. Со тоа Македонија успеа да се пласира во финалето од годинешното издание на Европската лига. Финалето се игра утре во 19:00 часот, каде Македонија ќе игра против Украина. WebOhrid

повеќе...

Сигурна победа на македонските одбојкари против Албанија

По синоќешната победа од 3-0 против Азербејџан, македонската одбојкарска репрезентација денес забележа уште една победа во рамките од натпреварите од Европската лига. Овој пат, нашата репрезентација со 3-0 ја совлада репрезентацијата на Албанија. Првиот сет Македонија го доби со 25-21, вториот со 25-16, додека пак третиот со 25-22. Следниот натпревар Македонија ќе го игра утре против Шведска, со почеток во 19:30 часот. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ победник на финалниот турнир во одбојка од училишните спортски лиги

На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати: Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“…

повеќе...

Одигран турнир во одбојка во рамки на училишните спортски лиги за основни училишта

Вчера (10.05.2017) во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција кои со заеднички сили се потрудија да се претстават најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа повеќе натпревари, а постигнати беа следните резултати: ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани  2:0  ОУ „Христо Узунов“  ОУ „Братство Единство“  2:0  ОУ „Св.Климент Охридски“ ОУ „Григор Прличев“  0:2  ОУ „Живко Чинго“…

повеќе...

Одбојкарската репрезентација на Македонија и оваа година поразена во финалето

Одбојкарската репрезентација на Македонија со сребро ги заврши натпреварите во Европската лига. Во финалето Македонија претрпе пораз со 0:3 од Естонија, која покажа далеку подобра игра од нашата репрезентација. Првиот сет го доби со 25:19, вториот со 25:13, а третиот со 25:23. Македонија и оваа година не успеа да обезбеди пласман во Светската лига. WebOhrid

повеќе...

Одбојкарите повторно во финале од Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација повторно успеа да се пласира во финалето од Европската лига. Во мошне возбудлив и тесен натпревар Македонија вчера успеа да ја совлада репрезентацијата на Австрија. Најпрво Македонија водеше со 1:0 (25:23), а Австрија успеа да изедначи на 1:1 во сетови (23:25) направи пресврт и дојде во водство од 1:2 (17:25). Македонија го доби четвртиот сет со 25:19 и изедначи на 2:2 по што се играше тај-брејк, а нашите одбојкари го добија тај-брејкот со 15:13 со што ја победија Австрија со 3:2 и обезбедија учество во финалето. Денес…

повеќе...

Македонија ќе игра против Австрија во полуфиналето од Европската одбојкарска лига

Македонската репрезентација повторно успеа да се пласира во Ф4 од Европската одбојкарска лига. Оваа година натпреварите од Ф4 ќе се играат во Варна, Бугарија. Во полуфиналето на 1 јули (петок) Македонија ќе игра против Австрија со почеток од 14:00 часот. Од 17:00 часот е другиот полуфинален натпревар Естонија-Бугарија. Следниот ден со почеток во 14:00 часот поразените ќе играат за бронза, додека пак финалето ќе се игра во 17:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Македонската одбојкарска репрезентација во поход кон нови успеси

Македонската одбојкарска репрезентација која минатата година ја израдува целата македонска јавност со сребрениот медал освоен во финалето на CEV Европската лига тргнува во поход на нови успеси. Нашите репрезентативци веќе се во втората фаза од подготовките за предизвиците, најпрвин натпреварите од овогодинешното издание на Европска лига идниот месец, но и квалификациите за ЕП 2017 од 15 до 25 септември. Имено, најдобрите македонски одбојкари ќе патуваат за Бугарија каде од 10-ти до 12-ти јуни во Варна ќе го одиграат првиот турнир во групата А, каде се машките сениорски репрезентации на Бугарија,…

повеќе...

Доделени плакети на Амбасадорите на македонскиот спорт

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес свечено им додели плакети на Амбасадорите на спортот Кире Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими. Титулата „Амбасадор на спортот“ им се врачува на истакнати македонски спортисти и тренери за афирмација и промоција на Македонија во земјите каде што ја градат својата кариера. 

повеќе...