Македонските одбојкари го освоија второто место во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Словенија во финалето од Европската лига, со што Македонија го освои второто место во Европската лига што претставува најголем успех за нашата одбојкарска репрезентација. Натпреварот започна со поен за Македонија, но набрзо Словенците не само што изедначија, туку веднаш избегаа на неколку поени предност. Следуваше цврста борба на двете репрезентации, Словенија ја одржуваше предноста и го доби првиот сет со 25:21. Во вториот сет, Словенија направи разлика уште на самиот почеток и успеа да ја одржува во текот на целиот сет кој го доби со…

повеќе...

Македонските одбојкари ја совладаа Естонија, во финалето ќе играат против Словенија

Македонија ќе игра против Словенија во финалето од Европската лига. Македонската одбојкарска репрезентација успеа да ја совлада Естонија во полуфиналето од Европската лига. Македонија се прикажа во одлично светло и со 3:0 во сетови и се одмазди на Естонија за оние два порази на стартот од Европската лига. Првиот сет Македонија го доби со 25:23, додека пак вториот и третиот со идентичен резултат 25:22. Во финалето кое ќе се игра утре во 20:00 часот Македонија ќе игра против Словенија, додека пак Естонија ќе игра против Полска во борбата за трето…

повеќе...

Одбојкарите на Македонија ќе играат на завршницата од Европската лига

Одбојкарите на Македонија се пласираа во завршницата, односно во фајнл-форот од Европската лига. Може да се каже дека најзаслужна за тоа е Словенија, која и покрај тоа што имаше обезбедено учество во фајнл-форот, играше пожртвувано на двата натпревари против Грција. На фајнл-форот ќе играат Македонија, Естонија, Словенија и домаќинот Полска. WebOhrid

повеќе...

Победа на македонските одбојкари против Полска

Македонската одбојкарска репрезентација по втор пат успеа да ја совлада Полска по двомечот кој се играше вчера и денес во Полска во рамките од Групата А од Европската лига. Вчера Македонија успеа да победи со 3:2 додека пак денес со 3:1 во сетови.  Првиот сет го доби домаќинот Полска со резултат 25:15. Веќе во вториот сет видовме далеку подобра игра на Македонија. Се играше поен-поен игра се до самиот крај од сетот кога Македонија успеа навреме да обезбеди предност и да го добие сетот со 23:25. На почетокот од третиот сет…

повеќе...

Уште една одлична победа за одбојкарите на Македонија против Австрија

Одбојкарската репрезентација на Македонија повторно прикажа одлична игра на денешниот натпревар во Скопје и уште еднаш ја совлада Австрија со 3:0 во сетови во рамките од Групата А во Европската лига. За разлика од вчерашниот дуел, денес Австрија прикажа далеку подобра и посигурна игра, што воопшто не беше лесно за нашата репрезентација. Цврста борба се водеше уште од самиот почеток на натпреварот. Сепак, Македонија успеа да го добие сетот со 25:22. Вториот сет се играше рамо до рамо се до средината од сетот, кога Македонија покажа поголема издржливост и концентрација, па…

повеќе...

Одлична игра за сигурна победа на одбојкарите на Македонија против Австрија

Одбојкарската репрезентација на Македонија одигра одлично на денешниот натпревар во Скопје и лесно ја совлада Австрија со 3:0 во сетови во рамките од Групата А во Европската лига. Првиот и вториот сет Македонија ги доби многу лесно, поточно со одлична игра и целосно водство во текот на сетовите. Првиот сет нашите одбојкари го добија со 25:18, додека пак вториот со 25:17. Вистинска борба се водеше во текот на третиот сет. Австрија водеше уште на самиот почеток од сетот, Македонија за момент успеа да изедначи, но Австрија повторно го презеде водството…

повеќе...

Како македонските одбојкари се подготвуваат за претстојните натпревари?

Македонските одбојкари интензивно се подготвуваат за претстојните натпревари овој викенд против репрезентацијата на Австрија. Напорните кондициони вежби, вежбите за целосна припрема на мускулите, како и вежбите за истегнување се најава дека репрезентацијата е подготвена за победа и пласман во полуфиналето на Европската Лига. Под будното око на тренерот на репрезентацијата, Виктор Зафиров и селекторот Жарко Ристоски, македонските репрезентативци се повеќе од упорни и се стремат кон нови победи и успеси на претстојните натпревари. Подготовките се во тек, одбојкарите интензивно тренираат во Фитнес и Спа центарот Синерџи, а она што преостанува…

повеќе...

Одбојкарите на Македонија ја совладаа Данска

Македонската одбојкарска репрезентација забележа победа од 3:1 против Данска, во шестиот натпревар од Групата А во Европската лига. Нашите одбојкари денес прикажаа одлична игра и сосема заслужено го добија натпреварот. Првиот сет Македонија го доби со високи 25:16. По речиси изедначена борба, репрезентацијата на Данска го доби вториот сет со 22:25 и го израмни резултатот на 1:1 во сетови. Но, нашата репрезентација повторно прикажа извонредна игра и го доби третиот сет со 25:18. Во четвртиот сет следуваше цврста и пожртвувана игра, каде Данска се бореше за изедначување во сетови, додека…

повеќе...

Македонските одбојкари се стремат кон победа

Македонските одбојкари иако имаа шанса да го преземат водството против противникот, за време на вчерашниот натпревар го загубија првиот меч со Данска. На само чекор до победа, македонската одбојкарската репрезентација го заврши натпреварот со 3:2 во сетови, (27-29, 25-18, 25-18, 22-25, 16-18,). „Со малку повеќе среќа мислам дека денес може да стигнеме до посакуваните бода против Данска. По вчерашниот натпревар можам само да кажам дека не секогаш победуваат најдобрите. Сметам дека со малку повеќе фокус и тактика на игра, ние можеме да ги совладаме Данците. Ги повикувам сите љубители на…

повеќе...

Одбојкарите на Македонија поразени од Данска

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го одигра петтиот натпревар од Групата А во Европската лига. Македонија во Скопје претрпе пораз 2:3 од Данска. Првиот сет во целост и припадна на репрезентацијата на Данска. Гостите иако водеа во текот на целиот сет, може да се каже дека се изнамачија за да го добијат со 27:29. Македонија покажа далеку подобра игра во вториот сет. Водеше во текот на целиот сет и на крајот го доби со 25:18 и изедначи 1:1 во сетови. Истот случај беше и во третиот сет, Македонија покажа стабилна…

повеќе...