Закажана првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа: 1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања. 2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Двајца охриѓани повредени на патот Рача-Охрид откако се превртела машина за сечење на дрва

Вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

повеќе...

18 годишно момче од Косел заработи кривична пријава поради предизвикување општа опасност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.10.2017 година во 01:00 и во 02:40 часот на улица ,,Ванчо Николески“, Х.Б. со камења ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да се водат согласно законите по пријавата на граѓаните за дивоградба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ги повикуваме надлежните институции СВР Охрид, Градежниот инспекторат, Јавното обвинителство и градоначалникот Јован Стојаноски да се водат согласно законите со тоа што веднаш и правично ќе постапат по пријавата на граѓаните за дивоградба, а со тоа ќе докажат на дело дека се борат за владеење на правото и правната држава и живот за сите. СДС ветија дека ќе се залагаат и ќе раководат според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште…

повеќе...

Најавен масовен протест против изградба на базна станица на приватен објект во Охрид

И покрај напорите и противењето на жителите на Урбаната заедница „Горна Влашка маала“ заедно со поддршка на Основното училиште „Христо Узунов“ и Детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект „Развигорче“, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставувањето на базната станица во населбата на приватен објект. „Ги повикуваме граѓаните утре (петок) со почеток во 17 часот на масовен мирен протест по повод поставувањето на базната станица на операторот ВИП на објектот над книжарницата „Варе“. Овој протест ќе биде против поставување на оваа базна станица која со негативното зрачење влијае на жителите на оваа…

повеќе...

Вршац речиси двојно подобар од АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид го одигра третиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и третиот пораз оваа сезона. Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, АВ Охрид го пречека лидерот на табелата во АБА 2 лигата – тимот на Вршац. Гостите од Вршац играа одлично на целиот натпревар, беа надмоќни и успеаа да победат со 61:111, односно првата четвртина ја добија со 18-28, втората со 14-25, третата со 18-23 и четвртата со 11-35. По овој натпревар екипата на Вршац се зацврсти на првото место од АБА 2 лигата,…

повеќе...

Општина Охрид се вклучи во акцијата „Недела против гладта“

По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” во кампањата што ја спроведе Црвен крст со повеќе активности се вклучи и општина Охрид. Активностите беа насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. И оваа година општина Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвен крст во обезбедувањето на финансиски средства за набавка на…

повеќе...

Нови наслови на книги во охридската Библиотека „Григор Прличев“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови: „Јас те сакам повеќе” – Лиса Гарднер „Убиство на теренот за голф” – Агата Кристи „Уна и Селинџер” – Фредерик Бегбеде „Само пријатели” – Колин Хувер „Чудата на Свети Еразмо” – Стојан Ристески „Половина век карате” – Димче Јанковски

повеќе...

Народен Театар Битола со „Последната ноќ“ во сабота ќе гостува во Охрид

Народен Театар Битола во сабота, 28ми октомври ќе гостува во Охрид со претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат: Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова. Превод: Ана Светозаров, Сцена: Сергеј Светозарев. Костими: Марта Дојчиновска, Музика: Димитар Андоновски. Картите по цена од 150 денари се веќе пуштени на билетарницата при театарот. „Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето од населба Лагадин до хотел Десарет

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради санација на дефект на главна водоводна линија ф 300мм во нас.Лагадин ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од нас.Лагадин до хотел Десарет. Прекинот ќе трае се до отстранување на дефектот.

повеќе...