Општина Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар. Ова го изјави градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес-конференција. „Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем. Важно ние да…

повеќе...

Закажана првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа: 1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања. 2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Општина Охрид се вклучи во акцијата „Недела против гладта“

По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” во кампањата што ја спроведе Црвен крст со повеќе активности се вклучи и општина Охрид. Активностите беа насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. И оваа година општина Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвен крст во обезбедувањето на финансиски средства за набавка на…

повеќе...

Средба на градоначалникот Јован Стојаноски со Шеикот Ал Тани од Катар

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид. На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје. По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети неколку од предложените локации и најави дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.

повеќе...

Трајкоски: Oпштина Дебрца ја предаваме со позитивно салдо од 879.269 денари

Општина Дебрца го направи својот избор и согласно тоа секогаш треба да се почитува волјата на жителите на Општина Дебрца. Впрочем тоа ми преставувало главно мото во изминативе 4.5 години, вели во известување до новинарите досегашниот градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски. Трајкоски, на новиот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески му го честита мандатот и му посакува успех во реализацијата на проектите поврзани со Општина Дебрца. „Напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме…

повеќе...

Јован Стојаноски ја презеде градоначалничката функција во Охрид

Досегашниот градоначалник д-р Никола Бакрачески и новиот градоначалник проф. Јован Стојаноски денес извршија свечен чин на примопредавање на градоначалничката функција, со што Стојаноски од денес е новиот татко на Охрид. „Денес завршува еден мандат и почнува нов, завршува за мене, а почнува за новиот градоначалник на Охрид, г-динот Јован Стојаноски. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите охриѓани кои што во сите овие четири и пол години што ми ја дадоа довербата и што беа со мене. Сакам да ги уверам дека Охрид е навистина неизмерна вредност за чие негување и…

повеќе...

ОИК ги објави конечните резултати од Локалните избори во Охрид

Општинската изборна комисија Охрид денес на прес-конференција објави дека на Локалните избори 2017 одржани во неделата, на 15 октомври, за Градоначалник на општина Охрид е избран Јован Стојаноски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За членови на Совет на општина Охрид избрани се: Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгоз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњановска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена. „Од…

повеќе...

Ова се новите советници во Советот на општина Дебрца

Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Дебрца:

повеќе...

Ова се новите советници во Советот на општина Охрид

Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Охрид:

повеќе...

Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општина Дебрца

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за Општина Дебрца, Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општината. Тој доаѓа на местото на досегашниот Игор Трајкоски, кој му беше и противкандидат на овие локални избори. Зоран Ногачески освои 1.785 гласови, односно 56,70%, Игор Трајкоски 1.212 или 38,50%, а Јадранка Бибан 55 гласови, односно 1,75%. WebOhrid

повеќе...