Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

„Агро бизнис зоната“ ќе се гради по теркот на најсовремените зони во Европа

Агро бизнис зоната ќе се гради по теркот на најсовремените зони во Европа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера промовираше нов проект за земјоделците наречен Агро бизнис зона Македонија што подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишни центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот за набавка на свежи и преработени земјоделски производи. Агро бизнис зоната ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата. Главните бизнис активности што ќе се нудат…

повеќе...

Засилени контроли на увозот на овошје и зеленчук

Со отпочнување на новата производствена сезона на овошје и зеленчук се зголемува и увозот на овие земјоделски производи во земјава. Поради зголемена фреквенција на пратки од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на граничните премини. Со цел да се спречи увоз на небезбедни производи на домашниот пазар и да го заштити здравјето на потрошувачите во Република Македонија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатиов период забранија увоз на неколку пратки со овошје и зеленчук кај кои со лабораториско испитување беше констатирано зголемено присуство…

повеќе...

Богата понуда за Бадник во и вон тезгите во Охрид

Посно, но сепак богато и вкусно. Преполните тезги ги натераа останатите продавачи да ги „окупираат“ тротоарите и останатите прометни места. Асортиманот е навистина богат. Покрај бадниковите гранчиња, се продаваат најразновидни домашни производи кои би ја збогатиле вечерната Бадникова трпеза. Продавачите нудат јаболка, ореви, костени, тикви, компири, вино, мед, киви, пченка, грав и сл. WebOhrid

повеќе...

Дел од бадникарските пакетчиња завршија на улица

Како и секоја година, така и оваа можеме да забележиме дека дел од бадникарските пакетчиња завршуваат, односно се расфрлаат по улиците и тротоарите во Охрид. WebOhrid

повеќе...

Шумски јагоди – лек од памтивек

Шумските јагоди (Fragaria vesca) се прилично застапени во нашите шуми. Во минатото биле одгледувани во поголема мера, но со тек на време биле заменети со градинарската јагода која дава поголем плод. Но, тој што пробал шумска јагода знае која е разликата помеѓу малечка шумска јагода и голема градинарска јагода. Како црвени жарчиња во шумското зеленило, ова овошје покрај вниманието го поттикнува и апетитот на секој посетител на нашите шуми. Како природен лек шумските јагоди го нормализираат зголемениот крвен притисок, ги намалуваат масните наслаги во крвните садови, го јакнат срцето и…

повеќе...

За учество на земјоделски саеми 30 милиони денари владина поддршка

Владата на Република Македонија ја усвои Програмата за 2015 година за финансиска поддршка на домашните земјоделски компании за нивно присуство и промоција на нивните производи на меѓународно значајни земјоделски саеми и настани. Целта е преку организирана промоција на извозни земјоделски производи да се обезбеди поголема промоција во земјите со недоволно присуство на македонски производи, а кои имаат огромен потенцијал за апсорпција, или пак промоција во земји кои претставуваат брзорастечки пазари поради големиот број на потрошувачи и постојаното зголемување на куповната моќ на населението. За оваа намена се обезбедени и ќе…

повеќе...

Министерот Димовски на конференција на асоцијациите на преработувачите на овошје и зеленчук од регионот

Претставници на преработувачките капацитети и на Здруженијата на преработувачи на овошје и зеленчук од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина учествуваат во работата на Регионалната конференција на преработувачите на овошје и зеленчук што се одржува во Охрид. Идејата на дводневниот собир е преработувачите на овошје и зеленчук да се сретнат и да ги согледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка, но и можностите за користење на европските фондови за научно-истражувачки проекти, проекти со регионален предзнак, во рамки на новата финансиска програма на ЕУ. Министерот за земјоделство,…

повеќе...

Исплатени 146,6 милиони денари субвенции за овошје

Министерството за финансии исплати 146,6 милиони денари субвенции на 4.837 земјоделци за одржување површини со овошни насади. Финансиската поддршка, како што информираат од Министерството, изнесува од 15.000 до 33.000 денари по хектар, во зависност од видот на овошната култура. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат круша, вишна, јаболко, праска, кајсија, цреша, дуња, мушмула, слива, калинка, смоква, аронија, боровинка, рибизла, малина, капина, јагода и други видови овошки низ цела територија на Република Македонија. Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците, како што е наведено во соопштението од Министерството за…

повеќе...

Зелените и црвените пиперки со најголем пораст на цените на зелените пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и црвените пиперки. Најголемо намалување на цените е забележано кај лимоните и бананите.  Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај кромидот и лукот. Најголемо намалување се забележува кај морковот и бананите.

повеќе...